Header Ads

Генијалецот Григориј Перелман кој го реши најголемиот светски проблем, а потоа исчезна

За скоро цели 100 години, Поенкареовата хипотеза останала нерешлив проблем на математиката - најголемите умови на Земјата се заплеткувале во неа.

Поенкаровата хопотеза бил проблем кој ја опфаќа геометријата на мултидимензионалниот простор и која помогнала да се објасни обликот на нашиот Универзум.

Затоа кога Григориј Перелман, руски математички гениј, ја решил хипотезата во 2002-ра година, луѓето биле шокирани. Но не само фактот што ја решил равенката ги оставила луѓето толку збунети. 

Откога ја решил хипотезата, Перелман побегнал од признанијата и богатството до кои дошол решавајќи. Без разлика на неговата желба да живее повлечен живот, математичарите му доделиле награда во 2006-та и тоа најголема во областа на математиката „Филдсов медалСе разбира тој ја одбил наградата - тој е единствена личност која ја има одбиено наградата од настанокот на доделување на наградите во 1924-та година. Тој исто така одбил да предава на Беркли и Принстон

Тоа било во времето која тој потполно се откажал од математиката и се вратил да живее кај својата мајка, издржувајќи се од нејзината пензија. 

Иако успеал да остане надвор од центарот на внимание неколку години, светот не го заборавил човекот кој го решил нерешливиот проблем на математиката.




Четири години покасно, тој направил нешто уште побизарно. „Математичкиот Универзитет Клеј“ му ја понудил на Перелман првата милениумска Клеј награда во вредност од милион долари. Можете ли да погодите што тој направил? Повторно, тој ја одбил наградата велејќи: 

„Јас знам како се контролира Универзумот. Зошто би трчал да земам некој милион долари, кажете ми?„

Некои луѓе веруваат дека полудел во процесот на решавање, додека други мислат дека причината зошто нагло се повлекол од математиката има врска со неговата фрустрација кон академската сцена.



*За неговата последна позната локација на живеење се шпекулира дека е некаде во Шветска, каде тој наводно се преселил со својата мајка и полусестра во 2014-та година.

извор: http://www.vestinet.rs/