Header Ads

Зборовите на Карлос Кастанеда - Цитати

Карлос Кастанеда (Carlos Castaneda), бил писател со докторат по антропологија. Почнувајќи од Учењата на Дон Жуан (The Teachings of Don Juan), успеал да напише серија книги во кои се зборува за шаманските практики на Толтеците (Toltecs). Неговите 12 книги се продадени во повеќе од 8 милиони примероци, преведени на 17 јазици. Критичарите сугерираат дека станува збор за фикција, оние пак што го подржуваат, тврдат дека книгата е вистина и добра филозофска творба. Следат неколку цитати од неговите дела.
*Имаш сѐ што ти треба за екстравагантното патување во твојот живот.

*Или ќе се направиме самите себе си мизерни, или ќе се направиме силни. Обемот на работа е ист.

*Погледнете ја секоја патека внимаетелно. Пробајте ја онолку колку што мислите дека е доволно. Потоа сами запрашајте се едно прашање. Дали патеката има срце? Ако има, патеката е добра, доколку нема, од неа нема никаква кoрист.

*Целта е да се балансира теророт од тоа да се биде жив, и чудењето од тоа да се биде жив.

*Човек со знаење живее со делување, а не со зборовите за делувањето.

*Ние речиси никогаш не сфаќаме дека можеме да отсечеме било што од нашите животи, во било кое време, со трепкањето на нашето око.

*За мене постои само патувањето по патеките кои имаат срце, и единствениот реден предизвик е да се пропатува целата должина - и таму јас патувам гледајќи, гледајќи без здив.

*За мене светот е чудо бидејќи тој е фантастичен, феноменален, таинствен и неодгатлив. Мојот интерес е да ве  убедам дека морате да превземете оговорност за тоа што сте тука, во овој прекрасен свет, во оваа чудесна пустина, во ова прекрасно време. Сакам да ве уверам дека мора да направите секое дело да се брои, бидејќи овде ќе сте на многу кратко време, премногу кратко за да ги сведочите сите прекрасни работи. 

*Човекот оди во знаење како што би одел во војна: буден, со страв, со почит и со апсулутна сигурност. Одењето во знаење, или одењето во војна на било кој друг начин е грешка.

*Никој не знае кој сум јас и што правам, дури ни јас!

*Барајте и видете ги сите чуда околу вас. Ќе станете уморни од гледањето само во себе си, и заморот ќе ве направи глупи и слепи за се друго.

*Оставете го Исус на крстот, тој е многу среќен таму.

*Единственото нешто што е живо, е битието во вас што ќе умре.

*Плашете се од оние кои плачат за реализација, бидејќи тие немаат реализирано ништо.

*...тоа беше начинот на кој луѓето се. Тие сакаат да им се каже што да прават, но уште повеќе сакаат да се караат и да не го направат она што ќе им се каже, па така се заплеткуваат во омразата кон оној што на прво место им кажал што да прават.

Доколку посакувате да видите повеќе преведени цитати од светските творци останете со Шланге.