Header Ads

Псајтранс: Историјата на шарената култура (Втор дел)

*Ексклузивен извадок од книгата GOABOOK
од авторите Chicago и Raja Ram

Псајтранс културата постојано се зголемува, и затоа  ова е исклучително важно писание напишано од основоположниците на сцената


*ПРИКАЗНАТА ЗА BPM-ите
   Се до средината на 90-тите години, отчукувањата во минута беа многу побавни, 120 - 125 битови во минута беа вообичаена појава во текот на 80-тите години и трака со 140 се сметаше за брза. Потоа, во почетокот на 90-тите години имаше ненадеен пресврт, големо забрзување и одеднаш трака со 140 битови се сметаше за бавна а 145 стана идеален репер за танцување. Што е подобро? Па, под 140 го движите вашето тело на еден поинаков начин, поизразен. Некои велат дека тоа е повеќе хипи движење, повеќе тековно движење на телото. Но, постои посебна енергија и динамика во танцувањето на 145 удари во минута, различно ниво на возбуда од трака со побавни удари. И двете си имаат своја магија.
                             
*ГОДИНИТЕ НА SFX-от
 Исто така, во исто време кога bpm-ите забрзаа, стана модерно да се прават траки без мелодични карактеристики, и наместо нив да се користат само звучни ефекти на врвот на кик и бас линиите. Продуцентитее кои немале музичка подлога сега можеа да влезат на сцената., да постават силна денс подлога, и едноставно додадат различни SFX на врвовите. Riktam и Bansi од GMS беа првите диџеи кои слушнав дека пуштаат цел сет од само SFX траки (крајот на 90-тите години) - ниту една мелодична трака. И потоа ова стана тренд, и за околу пет години тотално ја превзеде сцената. Но и ова помина, иако сеуште постојат и сега такви траки не е како што беше тогаш.

*ОД ХИПИ ОБЛЕКА ВО ФЛУОРО
 Во 80-тите години имаше луѓе кои со посебна фантазија рачно изработуваа облека за секоја забава. Голем дел од нив беа хипи-инспирирани: грациозни фустани, долги шалови, турбани и капи, шминка... Потоа, во доцните 80-ти флуоро облеката пристигнаа на сцената, психоделични шари на синтетички хеланки и блузи - тогаш започна една цела нова модна линија. Оваа облека беше насекаде, и дење и ноќе, и не само на псајтранс забавите. Тоа ја зголеми психоделичната атмосфера на нашата сцена. Но, денес оваа облека речиси ја нема, повеќето луѓе кои доаѓаат на забави сега носат нормална облека. Се уште има некои од нас кои се држат до носење на ПСАЈ гардеобата, особено на Гоа, но не и во остатокот од нашиот ТРАНС свет.

*ХИТОВИТЕ
 Во првите 20 години, секоја сезона си имаше свои хитови, траки-убијци кои се пуштаа на повеќето забави и од страна на повеќето од диџеите, преку текот на цела сезона. DJ-ите не се плашеа да ги пуштаат затоа што и други диџеи ги пуштаа, бидејќи сите сакаа да играат на нив, затшто сите се радувавме на тие хајлајт траки. Сите ги знаевме имињата на овие траки и на артистите кои ги направиле. Секој пат кога ќе се пуштеа тие создаваа експлозија од енергија, посебна магија на забавата. Се уште има некои хитови кои ќе ги слушнете доста често, но денес повеќето диџеи сакаат да бидат уникатни и пуштаат траки кои никој друг не ги пушта. Тоа беше поврзувачко искуство, нашата љубов кон овие хитови помагаше да се создаде чувство на единство меѓу посетителите на забавите. Тажно е што денес ова е изгубено.

*ПРОМЕНА НА АТМОСВЕРАТА НА ЗАБАВИТЕ
 Во првите десет години или нешто така, во буџетот за секоја забава беа вклучени пари за "светла", како и за систем за звук. Шарени "бајковидни светла" беа поставени на уметнички начини насекаде низ подиумот, обвиткани по дрвјата. Тоа создаваше магична атмосфера и плус допушташе на посетителите да се видат едни со други. Создаваше повеќе социјален тек на ноќта. Секој можеше да се насмее еден на друг, да танцува заедно, можеше да ги види сите убави девојки и момци кои танцуваат и да ја следи забавата и акцијата. Но, тогаш настапи концептот на blacklight забава. Ова особено во прилог на "дарк музиката", и патувањето во "темна страна". И тоа во голема мера ја промени атмосферата. Сега може да се видат само забите и очите на луѓето, тоа изгледа многу чудно и е многу помалку социјално. Повеќе можеш да потонеш во својот сопствен свет кога си на забава. И многу потешко е да си ги пронајдеш пријателите ...

 Значи, ова е краток "историјат" на Гоа и психоделичната сцена низ моите очи. Славните денови на луди и диви забави, целосната слобода, целоноќните есид забави на Гоа -сега ги нема повеќе, веќе не се дозволени од страна на владата. Бевме благословени да ги имаме сите тие години, што е неверојатно искуство! Но, Гоа и искуството Гоа ќе продолжи. Вие сеуште може да танцување и да се забавувате секој ден, но само до 10 часот, а понекогаш и се пролонгира до 11 или 12 часот. Но, ние секогаш велиме дека забавите беа како шлаг на тортата, а "тортата" - Гоа - сеуште е таму , сеуште е магија, уште е чудесна, уште е многу слободна во споредба со остатокот од светот, уште е многу отворена, уште е прилично "експериментална", има толку многу слободоумни истомисленици од сите делови на светот - дојдени по искуство. Тоа е посебен "алтернативен животен стил" за оние кои сакаат да живеат на поинаков начин од "нормалниот" начин на живот. And the beat goes on!



*КРАЈ НА ВТОРИОТ ДЕЛ, прочитајте повеќе во првиот дел.