Header Ads

Псајтранс: Историјата на шарената култура (Прв дел)

*Ексклузивен извадок од книгата GOABOOK
од авторите Chicago и Raja Ram

Псајтранс културата постојано се зголемува, и затоа  ова е исклучително важно писание напишано од основоположниците на сцената.

  
КАКО СЀ ЗАПОЧНА?
 (напишано од Chicago)


*Почетоците

Па, сето тоа започна сезоната 1983-1984 година, на Гоа. Првата електронска музика е од тогаш. До тогаш (и преку таа сезона) ние се трипавме и танцувавме по цели ноќи на „нормалната“ музика ( Talking Heads „Burning Down The House’, Billy Idol „White Wedding’ и „Rebel Yell’, The Cult „Born To Be Wild’, Tina Turner ) Но, имаше и две „кросовер“ траки Sven Väth-овата „Electrica Salsa’ (а-ха, а-ха) и траката на транвеститот Divine „Step By Step’. Тоа беа првите електронски траки по кои сите полудевме. Се пуштаа на речиси секоја забава и создаваа неверојатен електрицитет на подиум.

Веќе наредната сезона беше комплетно електронска музика на сите забави. Тогаш удри електронскиот бран. Тогаш го нарекувавме ТЕХНО- музика, бидејќи беше создаден со помош на инструменти од новата технологија како синтисајзери и компјутер. Во 90тите години се појави нова категорија на денс музика наречена Tekno но многу по различна од нашата. Па така ние моравме да го промениме името на нашата музика, од Техно стана Транс музика, нарекувана уште и Гоатранс или Псајтранс. Како што Гоа Гил еднаш изјави: Сите ја знаевме како Бран-музика, Музика на телото, Еуробит. Тоа беше цел нов свет на музика и танц, цело едно ново искуство за забава се роди тогаш.


*Магијата

 Ова исто така беа и почетоците на "дарк" музиката за време на ноќите. Имаше основни групи на диџеи кои ја презедоа контролата на сцената (легендарниот и магичен французин Laurent, кој создаваше целосна "приказна" од секоја забава. Тој публиката ја водеше на специјално патување низ музиката и емоциите (French Fabian, кандскиот Dr. Bobby, американскиот Gil и Swiss Rudy -да напоменам некои други), кои воведоа нов концепт на ноќно патување. Наместо да се танцува под месечината и ѕвездите, да се забавува, идејата беше патувањето да започне преку Темната страна во текот на ноќта и да се стигне до Светлината во утринските часови кога музиката преоѓа во забавна, среќна и подигнувачка. Вака, без сомнеж, концептот за морнинг или "утринска музика" беше роден.


  Dr. Bobby исто така, неодамна ми кажа дека, да, овие диџеи имале неискажанa борба меѓу нив во текот на ноќта, кој би можел да пушта пострашна и полуда музика, со траки полни со сообраќајни несреќи, луѓе кои врескаат, кршење на стакло , митралези и експлозии, ѕверови и страшни чудовишта итн. Лично јас а и многу други кои ги познавав беа против ова, бидејќи многу луѓе се чувствителни додека трипаат, и може целосно да откачат. Тоа може да доведе до многу сериозно лоши трип-искуства. Многумина од нас само сакааа да се забавуваат трипајќи и танцувајќи цела ноќ со нашите пријатели, наместо да одиме во темната страна. Но, ние не бевме поштедени.

 Утрата беа возвишени, прекрасна подигнувачка музика, полна со емоции - сите ние се сеќаваме дека сме плачеле пред звучници, солзи радосници, со морници, со тресење ... екстази - силно чувство на единство и заедништво едни со други и единство со прекрасната природа околу нас. Тоа беше многу моќно! Но, тој сладок, срцедопирачки вид на утринска музика одамна го нема,  наречен е "мек" денес.
До околу 2000та година, имаше забави на секои неколку дена во текот на целата сезона, секоја зима на Гоа, а потоа и на островот Ибица секое лето. Многумина од нас со години (26 години за мене, сега) зимуваа на Гоа забавите, а се префрлавме на Ибица за време на летото.  

Какви денови беа тоа - секогаш имаше посебна атмосфера во воздухот, секој се подготвуваше за забава, возбудата растеше, а штом се дојдеше на забава се чувствуваше неизмерна среќа, и тоа чувтво држеше повеќе денови после забавата, кога циклусот започнуваше повторно. Какво магично постоење!  

 И забавите беа сите бесплатни тогаш, само неколку стотици долари чинеше да се организира забава и немаше наплата на врата, и сите диџеи пуштаа музика за без пари, само за добра забава на сите. Вака беше до средината на 90-тите години кога бизнисмени промотери дојдоа на сцената, сфаќајќи дека тука има потенцијал за правење пари, и тоа беше почетокот на комерцијалната страна на нашата сцена.


*Луѓето


Гоа беше полна со шарени ликови во тие денови - Acid Eric, 8-Finger Eddie, Mescaline Bobby, Kenny Potter and The Birmingham Boys, Spanish Wildman Alejandro, Johnny Cairo, Pisco и многу познати дилери на дрога и надмени карактери. И сето тоа беше бесплатно во тоа време особено дрогата и особено во Индија. Всушност, немаше вистински закони за дрога во текот на целите 80-ти. Мислам дека во 1989 година беше кога САД ги принуди сите азиски земји - Тајланд, Мјанмар, Непал, Индија, Пакистан, Авганистан - да донесат нови строги закони за дрога во замена за повеќе милијарди долари. Но, до тогаш , ние можевме весело да пушиме џоинт и да трипаме и да јадеме печурки и што уште и да посакавме - сето тоа беше легално тогаш! 


И немаше закони за голотија, така што секој ден на плажа многумина од нас беа голи, девојките топлес, забавно беше пушењето и трипањето на сите плажи секој ден! Забави цела ноќ, плажа цел ден - животот беше плажа. Големите бендови во 80-тите Front 242, Nitzer Eb, Yello, Skinny Puppy  и многу други експериментираа и фалсификуваа нови електронски звучни стилови.  

Во 90-тите години до сега некои од главните артисти беа T.I.P./The Infinity Project (Raja Ram и Graham Wood), X-Dream, Juno Reactor, Eat Static, Man With No Name, Doof, Green Nuns of the Revolution, Astral Projection, Hallucinogen, Total Eclipse, GMS (Growling Mad Scientists), Infected Mushroom, Astrix, 1200 Micrograms, Eskimo. Секој од овие бендови и артисти имаа свој посебен уникатен стил, сите продуцираа серија на неверојатни траки, кои допринесоа до екстра специјални вибрации и магични моменти на подиумите ширум целиот свет.


*КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ 
(вториот дел може да го прочитате овде )