Header Ads

Природна медицинска енциклопедија создадена од амазонско племе

Можеби многумина од нас не се свесни дека во светов во кој што живееме е лоцирано едно големо богаство од знаење, традиции, приказни, култури,јазици и митологија кои исчезнуваат пред нашите очи без да им се обрне внимание.
За да не го изгубат своето богатство, членовите на едно Амазонско племе, Matses, луѓе од областа на Бразил и Перу, создале енциклопедија од 500 страни, за нивната традиционална медицина. Оваа енциклопедија е создадена од пет шанами, со помош од конзервациската група Acate, кои детално ги опишале сите растенија кои ги применуваат за лечење на многу различни болести.

Ова е првиот пишан документ напишан на јазикот на ова племе, во кој се евидентирани нивните медицински техники. Ова исто така е направено со цел да се заштити нивната медицина од злоупотреба и крадење. За сега истата ќе ја применуваат за тренирање и учење на новите генерации од нивното племе, и создавање на нови шамани кои ќе го водат нивниот народ.

Едно од најраните објаснувања за шаманот е "оној кој ги лечи болните и ја почитува шумата". Како племенски исцелител, и заштитник на нивните антички традиции, шаманот исто така вложува напори за чување на племето или заедницата. Тие земаат одговорост за заштита на шумата и еко-системот кој ги подржува светите растенија.

Според мене е многу очигледно дека во оваа енциклопедија се крие огромно богатство.

По две години напорна работа од ченовите на племето Matses, енциклопедијата вклучува поглавја од 5-те шамани. Во секое поглавје се зборува за одредена блест, со објаснување како да се препознаат симптомите, која  е причината за истата, кое растение да се користи, како да се припрема лекот и сите алтернативни опции.До секое растение стои и фотографија како истото изгледа, направена од членовите на племето.
Шаманите во енциклопедијата напоменуваат и за тоа како животните кои живеат во овие дождовни шуми се вклучени во природната историја на растенијата.
Станува збор за знаење директно пренесено од шаманите.
Секретот од кожата на големата мајмун-жаба (Phyllomedusa bicolor) се ористи во ритуалите за ловење од племето Matses. Овој секрет е богат со различни биоактивни пептиди, и се внесува директно во телото преку ставање на свежи рани или изгорници. За само неколку минути токсините предизвикуваат интензивни кардиоваскуларни реакции, водејќи до промена во свеста и зголемена сензитивна острина.
Иако ваквиот вид на жаба живее низ цела северна амазонија, само ова племе и мала група на соседни племиња ја бележат употребата на моќниот секрет. По откритието за употребата на секретот од оваа жаба, лабораториите откриле комплексен коктел од пептиди со моќни наркотични и антимикробни својства. Неколку фармацевтски компании и универзитети поднеле патенти за пептидите, без признавање на знаењето од овој домороден народ.
Извор:
Conscious Life News
Mongabay