Header Ads

Неверојатни факти за животот на дрвјата

Дрвјата ја имаат завземано човековата имагинација уште од почетокот на времето. Поради нивните особини, како што се циклусот на растење, паѓање на лисјата и повторното цветање на пролет, дрвјата се прифатени како моќен симбол за животот, смртта и обновувањето. Тие живеат по стотици, па дури и илјадници години, заради што многумина ги перцепираат и како чувари на старите тајни и чувари на иднината.
Шумите покриваат една третина од копнената површина на планетата. Тие се дом на најмалку 80% од копнените растенија, животни и инсекти. Дрвјата се еден од најглавниот фактор преку кој планетата се бори против промената на климата, преку нив воздухот се балансира преку апсорбирање на јаглеродниот диоксид од човековите активности,претварајќи го во кислород. Следат неколку неверојатни факти за животот на дрвјата.

1. Пандо, Џинот кој трепери (Pando, the Trembling Giant)
Пандо е шума од околу 47 000 треперливи дрвја во Јута, САД. Оваа извонредна група на дрвја се смета како еден организам, бидејќи сите дрвја делат еден единствен корен, и секое дрво е генетички идентично. Ново дрво се раѓа со никнување од масивниот корен-родител. Се смета дека Пандо живее веќе 80 000 години, што го прави едно од најстарите живи суштества на планетава.
Имајте на ум дека кога овие дрвја почнале да раснат од земјата, на луѓето им требало уште колу 50 000 години дур да стасат во Северна Америка. На некои делови од планетата неадреталцит имале уште 30 000 години до нивното истребување. Непобитен е фактот дека овие дрвја виделе неверојатни промени, преживување на леденото доба, па дури и спалување до корен, но животот под земјата продолжил.
Пандо шума. Дрвја кои растат од еден ист корен
2. Повеќе од 25% од западните фармацевтски производи потекнуваат од дождовните шумски растенија
Од националниот институт за рак во САД се признаени вкупно 3 000 растенија како активни против канцерогените клетки, а 70% од тие доаѓаат од дождовните шуми. Можеби ова е причината зашто шаманите од Амазон веруваат дека за секоја човечка болест, шумата крие лек. А, дали знаете дека само 1% од растенијата во дождовните шуми се простудирани за медицински цели? Замислете колку лековити растенија постоја, и колку од нив секојдневно исчезнуваат, секако како резултат на климатските промни. Како последица на уништувањето на дождовните шуми, Земјата секојдневно губи приближно 137 видови на растенија, животни и инсекти!

3. Не сите дождовни шуми се во тропските зони
Пацифичката умерена шума (Pacific Temperate rainforest) е најголемата крајбрежна дождовна шума на нашата планета. Лоцирана е низ пацифичкиот брег протегајќи се од Северна Каролина се до Звукот на Принц Вилијам во Аласка. Се карактеризира со високи количини на врнежи од дожд, и на многу места шумата расте се до брегот. Во оваа шума е вклучена шумата на Големите Мечки (Great Bear Rainforest ) во западна Канада, дом на душевните мечки (Spirit Bear).
Душевна мечка во шумата на Големите Мечки
4. Во многу култури се верува дека гушкањето дрвја ја ослободува негативната енергија од луѓето и ги прави среќни
Многу луѓе веруваат дека дрвјата, како луѓето и сите живи суштества, поседуваат енергетска вибрација и аура. Бидејќи вибрациите на дрвјата се побавни и длабоко поврзани со Земјата преку нивните корења, конектирањето со нив би можело да ни помогне да се чувствуваме сигурни и стабилни. Прочитајте повеќе за гушкањето дрвја и за ефектите од  пешачење во природа

5. Луѓето во Малезија одржуваат многу интимна врска со дрвјата
Помеѓу домородното население наречено Sng'oi, една личност и дрво можат да си припаѓаат заедно, и овој однос се одржува цел живот. Кога една личност припаѓа заедно со едно дрво, личноста исто така припаѓа и со сите дрвја кои растат од семето од првото дрво, небитно на колку долго тие се распространети.
Во Малезија дрвјата се засадуваат блиску околу куќите за да корењата од дрвјата имаат простор за растење. На гробиштата е дозволено корењата од дрвјата да растат во гробовите, и се вели дека дрвјата шепотат на креаторот и бараат прочка за починатите. Оваа практитка зборува за античкото знаење дека луѓето и дрвјата се интимно поврзани преку животот и засекогаш во историјата. 

6. Дрвјата ги спасуваат нашите животи буквално секој ден
Една студија од 2010 година покажала дека со отстранување на големи количини на загадениот воздухот преку лисјата од дрвјата, тие спасуваат 850 човечки животи и спасуваат 670 000 респираторно заболени случаеви. Дрвјата во урбаните делови ја отстрануваат загаденоста од 4 до 8 пати. Сето ова го истакнува значењето на засадување дрвја насекаде колку што е можно повеќе, посебно во високо загадените области.

7. Дрвјата во шумите меѓусебно комуницираат преку подземна мрежа
Под земјата дрвјата се поврзани со еден вид габи (mycorrhizal fungi), кои живеат симбиотички со корењата од дрвјата. и корењата и габите си се потребни едни на други за да преживеат. Но, тоа не е сѐ. Бидејќи габите значително ги поврзуваат корењата од едно дрво со друго, дрвјата можат преку нив да пренесат хранливи материи до друго дрво. Па така постарите и појаки дрвја пренесуваат хранливи материи до помладите и послаби дрвја. Најголемите и најстари дрвја во една шума служат како центар бидејќи тие поседуваат и произведуваат голема количина на ресурси, и нивните масивни корења се шират во различни дирекции. 
Кога едно дрво е нападнато од инсекти, тоа дистрибуира хемикалии преку габите под почвата за да ги преупреди соседните дрвја за можниот напад, со што тие би биле во можност да се припремаат преку промената на хемискиот состав на лисјата. Мрежата од габи го зајакнува имуниот систем на дрвјата. 
Па така под земјата постои една цела мрежа преку која не само дрвјата туку и многу други видови на растенија си помагаат едни на други и комуницираат меѓусебно за да го подржат целиот еко-систем. Постои документиран доказ дека кога едно дрво умира, тоа ги ослободува своите ресурси во коренестата мрежа, преку што соседните дрвја би можеле да имаат корист.
Дрвјата меѓусебно комуницираат преку подземните коренести мрежи

Природата е чудна, и премногу моќна, и ние во Шланге сакаме да пишуваме за неа. Останете со нас и следете ги нашите активности. 

Извор:
Uplift Connect