Header Ads

5 работи за кои никогаш не треба да се извините

Живееме во општество каде она што е прифатено од мнозинството е прифатено и како тотална вистина или пак правило.
Па така правилно или неправилно, вистинито или лажно, кога некој ќе дејствува спротивно од општо прифатеното правило може да дојде до конфликт. И како резултат на тоа сите очекуваат да им се извиниме за "грешките", за сопственото гледиште, па можат дури да побараат и да го смениме погледот кон некоја конкретна "правилна" работа.
И доколку погледнеме на пошироко, за доброто на сите некои работи е прифатливо да се перцепираат како најправилни, а други како сосема погрешни.
Среќа свеста на луѓето се буди, а подолу следат пет работи за кои немате никаква потреба да се извините.


Самите сте си на прво место
Можеби за некои луѓе ваквиот однос ќе биде одбележан како тотална себичност. Но, животот, барем мене, цело време ме учи, дека доколку јас самата не се грижам за себе, никој друг не би го направил тоа. Зашто да очекувам од некој друг нешто, кога би можела самата да го направам тоа за себе?  Секако дека не треба да се гледа на работите од крајност во крајност, но ние сме тие кои треба да си го пружиме она што го посакуваме, да не ги очекуваме тие рабои од другите и на тој начин да ја избегнеме условната љубов и условните односи, и никому поради ова да не се извинуваме.

Кажаното НЕ
Ти си единствената личност која најдобро знае што е најдоброто за тебе и што е она што те прави среќен човек. Секако дека многупати треба да се каже НЕ за да се оформи она што човект навистина го посакува. Секако дека во многу ситуации е потребен компромис, во спротивно уште потешко би функционирале меѓучовечките односи, но секое очекување за тој компромис може да дојде со разбирање дека ти како личност не би се откажала од своите верувања и ставови за да на сметка на своите цели и среќа направите некого друг задоволен. НЕ е најнормално да се каже, и не по дифолт следи извинување.

Да се посакува повеќе
Границата помеѓу алчноста и сакањето малку повеќе е доста тесна. Ние сме битија на постојана еволуција и промена, целите што ги имаме во животот се главните двигатели за сите промени. Без посакување, промените не би ни постоеле, така да не плашете се да посакате нешто ново, нешто повеќе. Не плашете се да ја изразите својата амбиција, и гордејте се со тоа. Доколку имате многу цели и желби тоа е така зашто верувате во себе, и за тоа ама баш никому не треба да се извинете.

Искажаното мислење
Ова ми е најинтересно.Ние, да, живееме во општество во кое сите треба да се слободни да се изразуваат и да го кажат своето мислење. Но, сеуште не толку лесно се прифаќа сечие мислење, посебно оние кои не одат во чекор со мислењето на мнозинството. Често луѓето се осудувани за своите зборви и размислувања. Но, зошто воопшто би се извинувал некому? Нели живееме во демократко општество, свеста се буди, секој е слободен да биде тоа што сака!!!

Имање сексуални желби и исполнување на истите
Сексот е здрав, забавен и природен дел од животот на возрасните. Сите треба да се чувствуваат слободни да истражуваат и откриваат што ги прави среќни. Сексот е цела наука, тој отвара чакри! Не осудувајте ги другите за нивните интереси и неслушајте ги осудувањата на другите. За извини нема потреба!

Извор:
Higher Perspective