Header Ads

5 работи кои би се случиле на планетата кога парите не би постоеле

Живееме во свет во кој парите завземаат доминантна улога. Стилот на нашето живеење пред се се врти околу парите и тоа е непобивен факт. Но, уште поголем факт е дека нам не ни требаат пари за да навистина живееме среќно и со исполнети животи. Доколку парите во светот исчезнат општеството би се соочило со радикални промени. Прочитајте за 5-те работи кои би се случиле на планетата без пари.
















1. Работата станува игра
Кога сите луѓе си замислуваат за живот надвор од нашата планета, идеата за работа во принцип исчезнува. Нам не ни се потребни луѓе да стануваат наутро и да го чистат отпадот, да се занимаваат со сметководство или да ги водат градовите и државите. Самите луѓе стануваат владата и работата која се врши е за подршка едни на други.
На ова ниво на кое се наоѓаме, многу од работите се подржани- доход на вода, одгледување храна, одржување на се околу нас и градење на структурата на новата земја.
За многу луѓе овие денови, изборите во кариерата се во врска со рангирањето во општеството за она што го работат. Без овие двигатели, многу луѓе би одбрале да ги дадат само своите задолженија кон општеството и би се фокусирале кон фамилијата или некои други едукативни работи.

2. Луѓето би го правеле она што го сакаат
Кога финансиските и социјалните двигатели би исчезнале, на површина сепак би испливале луѓе кои навистина уживаат во одредени нешта: оние кои навистина сакаат да лекуваат, луѓе кои навистина сакаат да пренесат знаење и онакви кои би живееле во храмовите и би се грижеле за исполнет живот на заедницата.
Дури тогаш работите најверојатно би функционирле многу подобро, сите би го правеле она што го навистина го сакаат, а кога нешто се работи со љубов обично исходот е позитивен. 

3. Повеќе време за фамилијата
Стилот на живеење на луѓето им остава многу малку време за уживање со најблиските членови од фамилијата. Кога финанскискиот опстанок би бил тргнат на страна, сите сме свесни дека деновите би сакале да ги поминуваме лабаво радувајќи се на луѓето околу нас и убавите моменти кои секојдневието би ги носело
Ова имагинарна слободна економија за која зборуваме во овој пост би ни го овозможила она слободно време кое претежно на сите ни недостасува. Секако дека деновите би биле подобро поминати доколку безгрижно се радуваме, отколку да мислиме како да споиме крај со крај.

4. Стресот драстично би исчезнал
Ајде реално запрашајте се, коку од стресот кој секојдневно го имате е предизвикан од проблемите со опстанокот? Како да се платат сметки, стан, рата, да се отплати кредит и  да се платат и купат уште многу други работи?
Доколку сето ова би се тргнало на страна, едино за што треба да се грижиме останува нашето здравје, врските и односите со другите луѓе, спиритуалноста и колку ќе раснеме и креативно ќе одиме напред. 
Колку само посреќни би биле сите ние доколку исчезнат проблемите со финансиите и доколку не би требало да се грижиме како ќе се набави храна, лек или кров над главата?

5. Образованието би станало реално
Без лудиот маратон за богатство и социјален статус, кој сите го трчаат, едукацијата во образовна институција би го изгубила своето значење. 
Образованието би било споделувано искуство помеѓу сите луѓе во една заедница, без разлика на годините и искуствата поминати. Тогаш сите би учеле и воедно би биле учители, така учењето не би било невозможно за никого, сепак тоа е вродено право на сите луѓе.

Доколку би сакале да ја надополните оваа листа и имате свои идеа и теории за тоа што би се случило доколку парите исчезнат, слободно искажете го своето мислење или напишете текст кој би го споделиле на Шланге.


Извор:
The Spirit Science