Header Ads

Зошто данците се најсреќната нација?


И оваа година на прво место како најсреќни луѓе се најдоа данците. За утврдување на сето ова мора да се има предвид дека влијаат многу фактори, вклучувајќи го здравјето на луѓето и пристапот до здравство, односите во фамилијата, сигурноста на работното место, политичката слобода, корупцијата на владата и целата атмосфера во која живееме.

Сега следи да утврдиме зошто баш данците?

Балансот помеѓу работата и животот
Во Данска нормалната работна недела е сочинета од 37 работни часа. а годишниот одмор е 5 недели. Ова упатува на тоа дека слободното време кај оваа нација игра голема улога во нивната култура. Обично станува збор за социјални собири, спортови, различни курсеви, среќавање во клубови за книги и театри.
Напуштањето на работата на време, собирањето на децата од градинка и пријатна фамилијарна вечера е среќа за голем број од данците.

Слободното време и хууге (Hygge) стилот на уживање
Слободното време поминато со другите, вклучувајќи го данскиот термин Hygge, кој претставува поим за пријатно социјално собирање, е нешто за што сите данци тежнеат. Станува збор за естетското, малото, симпатично, пријатно уживање, кое е специфично само за нив.

Мали очекувања
Во врска со ова може да се каже дека данците го живеат животот на хобитите. Не се премногу амбициозни и со преголеми очекувања. За ова се смета дека им е врежано поради стравот од Jante кој велел "ти не си подобар од било кој друг". Jante е лик креиран од данско-норвешки автор, кој е доста почитуван од данците, бидејќи создал еднаквост во данското општество.
Во Данска скоро никој не би те осудил за твоите избори во животот. Се додека си среќен што правиш, уживај! Сето ова секако ги намалува очекувањата, што им овозможува на овие луѓе полесно да бидат среќни. Помалку очекувања, помалку разочарувања.

Добра благосостојба
Данска се смета за една од државите со најрамноправно општество, каде што и мажите и жените имаат кариера.
Данокот е висок, но тоа и овозможува на владата да обезбеди бесплатно здравство. Училиштата и факултетите се исто така бесплатни, а студентите добиваат и стипендии. Постојат големи бенефиции за невработените, а трошоците на владата за децата и старите се поголеми од било која друга држава. Системот во Данска функционира предобро, што им дава сигурност и подршка на луѓето дека тие не се сами и дека има кој да ги крене нагоре, кога секако тоа им е потребно.

Безбедност
Вербата е уште еден битен фактор кој игра голема улога за среќата. Тие едноставно имаат верба во владата, на работното место, во градинките каде учат нивните деца, полицијата, верба во самите себе си и во се што ги опкружува. Сето тоа дава чувство на безбедност и сигурност што само по себе влијае врз среќата.

Ах Македонијо, каде се родив???!!!

Извор:
Visit Denmark