Header Ads

Писмото на Алберт Ајнштајн кое мораме сите да го прочитаме


Тој напишал многу писма и трудови, и дал премногу лекции од различни области. Неговата внука Евелин Ајнштајн, донирала 1400 писма во Еврејскиот Универзитет. Но, Алберт имал оставено стриктни инструкции за тоа дека содржината на неговите писма може да биде објавена дури после две декади од неговата смрт. Ова го сторил со надеж дека до тоа време човештвото би пораснало и созреало.

Следи превод на едно од писмата кое било наменето за неговата ќерка Lieserl.

"Кога ја предложив теоријата за релативноста, многу малку ме разбраа, и она што ќе го откријам сега за да го пренесам на човештвото исто така ќе се судри со недоразбирањето и предрасудите во светот.
 Писмата побарав да бидат чувани колку што е потребно, години, декади, се дур општеството е доволно напредно за да го разбере она што ќе го објаснам подолу. 
 Постои една екстремно моќна сила за која, до сега, науката сеуште нема пронајдено објаснување. Тоа е силата која ги вклучува и управува со сите други, и е дури над секој феномен кој функционира во универзумот и е сеуште неидентификувана од нас. Таа универзална сила е ЉУБОВТА. 
Кога научниците погледнаа за обединета теорија за универзумот, тие ја заборавија најмоќната невидлива сила. Љубовта е светлина, која ги просветлува оние кои ја даваат и примаат. Љубовта е гравитација, бидејќи прави одредени луѓе да бидат привлечени од другите. Љубовта е моќ, бидејќи го размножува најдоброто што го имаме, и му дозволува на човештвото да не биде истребено од нивната слепа себичност. Љубовта открива и покажува. За љубов ние живееме и умираме. Љубовта е Бог и Бог е Љубов.
Оваа сила објаснува се и му дава значење на животот. Ова е променлива која ја игнориравме предолго, можеби бидејќи сме исплашени од љубовта бидејќи таа е единствената енергија во универзумот која човекот сеуште не научил како да ја вози добро.
За да на љубовта и се даде видливост, јас направив проста замена во мојата најпозната равенка. Ако наместо E=mc2, прифатиме дека енергијата за да го излечи светот може да биде добиена преку љубовта помножена со брзината на светлината на квадрат, така стигаме до заклучок дека љубовта  е најмоќната сила која постои, бидејќи таа нема граници.
После неуспехот на човештвото во употребата и контролата на другите сили на универзумот кои се имаат свртено против нас,  станува итно дека треба да се храниме себе си со друг вид на енергија...
Доколку сакаме нашиот вид да преживее, доколку сакаме да најдеме значење на животот, доколку сакаме да го спасиме светот и секое свесно суштество кое е населено во него, љубовта е еден и единствен одговор. 
Можеби сеуште не сме спремни да направиме бомба од љубов, направа доволно моќна да ја уништи сета омраза, себичност и алчност што ја уништуваат планетата. 
Како и да е, секоја индивидуа во себе носи мал, но, моќен генератор за љубов чија енергија чека да биде ослободена. 
Кога ќе се научиме да ја даваме и примаме оваа универзална енергија, ќе имаме потврдено дека љубовта освојува се, таа е во можност да надмине се и сешто, бидејќи љубовта е најидеалното од животот.
Длабоко жалам што не бев во можност да го изразам она што е во моето срце, кое тивко чукаше за тебе целиот мој живот. Можеби е премногу доцна да се извинам, но, како што времето е релативно, јас морам да ти кажам дека те сакам и благодарение на тебе јас го достигнав крајниот одговор.
Твојот татко,
Алберт Ајнштајн "
Љубовта има бескраен потенцијал, а ние преку недостатокот на имагинација и вербата во самите нас, се ограничуваме. Со разбирање градиме основа за да се прифатиме и сакаме самите себе си, и секако универзумот во кој живееме.

За поголема база на податоци од работата на Алберт Ајнштајн посетете го следниов линк.

Извор:
Linkedin
Higher Perspective