Header Ads

Науката открива како планинарењето влијае врз нашиот мозок

Пешачењето во природа во принцип претставува доста добра работа затоа што влијае доста позитивно врз нашето расположение, тело и душа. Сигурно сте имале моменти кога едноставно копнеете да вдишете чист планински воздух и кога посакувате да можете целосно да се поврзете со природата.
Но, едно "обично" планинарење со себе може да носи многу попозитивни работи, за кои и не сме баш свесни.

Планинарењето ги отрга негативните и опсесивни мисли
Многу луѓе се соочуваат со многу црни и негативни мисли кои го попречуваат мирот во нивното секојдневие. Една студија, објавена во Proceeding of the National Academy of Science, зборува за тоа како времето поминато во природа во голема мера ги намалува опсесивните и негативни мисли .

Планинарењето со дисконектирање од технологијата го потикнува креативното решавање на проблемите
Психолозите Ruth Ann Atchley и David L. Strayer со студијата на која работеле, откриле дека креативното решавање на проблемите може драстично да биде подобрено со дисконектирање од технологијата и конектирање со природата.
Учесниците во оваа студија биле испратени четири дена на планинарење. Во тие четири дена не им било дозволена употреба на технолгоија, и од нив било побарано да завршат задачи кои бараат креативно размислување. Резултатот бил за 50% подобар од оние кои имале дозвола до пристап на технологија.
Истражувачите забележале дека технологијата и градската бучава влијаат негативно и не дефокусираат. Пешачењето во природа пак го намалува менталниот замор, го смирува умот и го зајакнува креативното мислење.

Планинарењето може да ги смири хиперактивните деца
Во светов дечиња со хиперактивно растројство ги има се повеќе и повеќе. Оние што се соочуваат со овој проблем имаат потешкотии со импулсивноста, фокусирањето, вниманието им се одзема многу лесно и покажуваат прекумерна хиперактивност,
Студиите покажале дека доколку ваквите деца се изложени на активности во природата, гореспоменатите симптоми ќе се изгубат. Се напоменува и дека изложеноста во природата му помага секому кој има проблем со концентрацијата и импулсивноста.

Планинарењето е добра вежба која ја зајакнува моќта на мозокот
Веќе на сите им е познато дека вежбањето е фантастично за нашата целокупна благосостојба. Планинарењето пак е одличен начин и за согорување од 400-700 калории на час.Докажано е и дека луѓето што вежбаат надвор, повеќе се придржуваат до нивната програма што го прави одлично за оние кои сакаат да останат активни на редовна основа.

Извор:
Collective Evolution