Header Ads

Каде во мозокот зборовите се процесираат и која е користа од ова сознание?

Едно ново откритие најверојатно би можело да им даде глас на луѓето кои ја изгубиле способноста да зборуваат.
Мозокот како мозок е премногу комплициран и мистериозен. Со конечно разбирање на едно нешто се појавуваат уште стотици нови прашања.
Научниците од универзитетот во Калифорнија Баркли ги простудирале мозоците на седум луѓе, кои се со англиски мајчин јазик, дур тие го слушале подкастот на Moth Radio Hour. Потоа ги бележале местата на мозокот кои биле осветлени при реагирањето на различни зборови употребени во различен контекст.
Тие откриле дека зборовите се групираат во одредени делови од мозокот, базирано на нивното релативно значење, и исто така откриле каде конкретно овие групи се лоцирани.
На пример, во десниот дел во мозокот (temporal parietal junction), на површина од неколку милиметри во ширина биле обработени зборовите жена, бремена и мајка, додека пак во близина биле обработени други социјални зборови како куќа и сопственик.
Токму за ова се смета дека е птотенцијален пробив за луѓето кои ја изгубиле способноста да зборуваат.
Доколку научниците се во можност да лоцираат каде зборовите се процесираат, тие најверојатно би биле во можност да им помогнат на луѓето кои патат од склероза, или пак оние кои имаат доживеано удар преку технологијата би биле разбрани.
Ваквото лоцирање на процсирањето на зборовите во мозокот се нарекува семантички актлас (Semantic Atlas), и станува збор за едно ново откритие на кое допрва треба да се работи и да се испитува.

Извор:
US News