Header Ads

Дали сте емоционално интелигентни?

Во животот секој нов ден луѓето копнеат да бидат подобри од претходниот. Сите сакаме да сме храбри, решителни, упорни, силни, добри и среќни личности. Но, ние сме премногу водени од нашите емоции, и многупати постапуваме во согласност со емоциите кои преовладуваат во еден момент, и не секогаш ги превземаме потребните и правилните акции. Доколку сакате да знаете дали спаѓате во групата на емоционално интелигентните луѓе и дали добро се носите со вашите емоции, погледнете дали ќе се пронајдете во следниве неколку точки.

Прифаќате промена
Емоционално интелигентните луѓе се професионалци во адаптирањето и флексибилноста. Тие не стравуваат за иднината и имаат доверба во сопствените способности. Овие луѓе знаат дека можат да се подготват за секој предизвик што ќе им го донесе животот.

Љубопитност за другите луѓе
Ваквиот интерес не се појавува само поради тоа што луѓето се фасцинантни, туку со учењето за другите ние се стекнуваме со знаење погледнато од различни перспективи. Со знаењето добиено на овој начин се зголемува капацитетот за раст и способноста за изразување.

Идентификување и отргање на токсичните луѓе
Во светов има доволно страдање и негативности. Луѓето кои ги одбираме да се дружиме и да се потпреме се една од позитивните работи што ни се случуваат. Ние не секогаш можеме да ги избегнеме негативните ликови, но луѓето со емоционална интелигенција знаат добро да се држат под контрола и нивните зборови не се со некое посебно значење.

Грижа за сопственото здравје
Не би станувало збор за интелигенција доколку личноста  не се грижи за своето здравје, начинот на изхрана и одморот. Не значи дека ваквите личнпости се најздравите луѓе во светот, но, сепак настојуваат да се држат кон здравиот начин на живот колку што можат повеќе.

Ценење на она што животот го нуди
Луѓето со висока емоционална интелигенција се свесни за битните работи во животот, им се радуваат и ги ценат. Истата таа благодарност ги крева нагоре, зашто кога човек е задоволен со тоа што го има, тој не очекува ништо друго, не бара премногу, а со тоа не се соочува со страдање, зашто сето страдање доаѓа од раѓањето на нашите желби.

Извор:
Higher Perspective