Header Ads

Знаци дека вашиот ангел чувар ве посетува

Ангелите се сметаат како не физички суштества кои вибрираат на различна фреквенција од нас физичките, смртни луѓе. Овие спиритуално битија, за кои се вели дека се наоѓаат во петата димензија, секогаш се обидуваат да не водат и да ни пуштаат мисли кои ќе бидат од корист за нас. Не секој ќе се согласи со ова. Тоа е многу јасно. Дури и за оние кои се согласуваат со ова гледиште мистерија е како овие заштитници доаѓаат да не заштитат и да се грижат за нас. И без разлика дали вие верувате во ова, дека некои си ангели не чуваат и штитат, за ова сепак се зборува, се зборува и за начинот на кој тие го прават тоа. Ние обично сакаме да веруваме само во она што можеме да го видиме. Ама ајде замислете си колку голем е универзумот. Можете? Јас не можам, преголем е, и како таков единствено нешто што верувам е дека постои се и сешто.
Ангелите, како што напоменав, се сметаат за спиритуални битија, и како такви секако дека нема да ни се појават пред очи и да ни зборуваат, туку тоа најверојатно би се случило на доста поинаков начин.
Подолу следат неколку искуства, споделувани од луѓето низ светот, поврзани со посетата од ангелите чувари и заштитници.

Промена во температурата

Дали собата одеднаш станува потопла или поладна? Со начинот на кој ангелите вибрираат ти можат да ги успорат или убрзаат молекулите во воздухот, што резултира со промената на температурата. Обрнете внимание на она што го правите или мислите и почувствувајте што занчи да бидете комуницирани.

Фантастични, необјасливи миризби

Дали некогаш сте биле дома или во дивина, на некое место каде случајните миризби се тешки да се најдат. Доколку приметите невообичајна миризба околу вас и е премногу пријатна, ангелот ваш може да е само на чекор од вас. Миризбата е јако чувство, и е многу поврзано со нашата меморија. Запрашајте се што помирисавте, и на што тоа ве тера да мислите?

Гласови кои ви шепотат

Обично ова е индикација дека сте помалку луди, но во овој случај и не е така. Тоа значи дека вие сте веќе отворени за да ги примате пораките од универзумот, во споредба со другите кои сеуште не се. Слушајте го она што се зборува наоколу, но слушајте ја и вашата интуиција, сепак има многу кои само се преправаат.

Појавување на шарени колоритни светла

Доколку приметувате различна светлост околу вас, тоа исто така се смета како индикација дека ангелите се тука. Може да приметувате искри на светлина, или да станете премногу свесни за сенките околу вас. Немој да се плашите. Како и да е ангелите не сакаат да ве повредат. Тие едноставно сакаат да допрат до вас.


Пердуви насекаде 

Доколку навистина вашите очи налетуваат на пердуви насекаде околу вас, тогаш несомнено тие се веднаш покрај вас.

Комуникација преку соништата

Можеби нема да се сеќавате на сонот, но со сигурност ќе се почувствувате полесни, посилни и посигурно ќе знаете по кој пат да се движите.

Чувство дека некој ве следи

Обично кога имаме вакви чувства се појавува страв, но кога ангелите не следат се појавува чувство на сигурност и љубов. Доколку сте сами и чувствувате како некој да има во собата со вас, но не сте исплашени, тогаш верувајте си. Ангелите само се трудат да ве заштитет и осигурат.

Извор:
thespiritscience.net