Header Ads

Законите за марихуаната во минатото биле поврзани со расизмот

Во државите каде марихуаната е легализирана, мнозинството го сочинуваат гласачите од белата раса. После оваа иформација прашањето што следи најверојатно е: Каква врска има расата на луѓето со марихуаната?
Доколку погледнеме наназад во историјата доаѓаме до сознание дека расата играла улога во се. Денес сите ги знаеме гледиштата на постарите генерации за оваа билка, но, пред околу 80 години ставот бил премногу различен и уште полош.
Првиот комисионер на федералното биро за наркотици во САД некогаш изјавил дека постојат вкупно 100 000 пушачи на марихуана, и дека повеќето од тие се црнци, филипинци, хиспанци и забавувачи. Нивната музика, џезот, ја нарекол сатанска, која произлегува како резултат на марихуаната. И покрај сето тоа, марихуаната ги предизвикувала белите жени да се впуштаат во сексуални односи со црнците.
Во ова време против марихуаната постоеле и многу други негативни критики. Таа се сметала како многу поопасна дрога од сите други тешки дроги. Во филмот "Reefer Madness" од 1936 година ликот Anslinger изјавил:
 "Ако грозното чудовиште Франкенштајн дојде лице в лице со марихуаната, тој ќе падне мртов од страв"

Многу од законите за дрога биле рацистички, а креаторите на законот немале никаков проблем да ги прифатат како такви. 
Како и да е, погледите се менуваат и тоа е неизбежно. Но,без разлика на фактот дека белата и црната раса ја конзумираат билката подеднакво,  црнците се за четири пати повеќе склони кон апсење и казнување поради поседување на марихуана. 
Битката за легализација сеуште се води, останува да видеме само за каков резултат ќе се избориме.

Извор:
Higher Perspectives