Header Ads

Еко кула за собирање вода од воздухот


Секоја друга година некаде во светов се доделува награда, позната како World Design Impact Prize, чија цел е да се зголеми свеста за индустриските дизајнирани проекти кои имаат позитивно влијание врз општеството, економијата, културата и квалитетот на нашето опкружување. Ваквата награда создава можност за финалистите да ги презентираат своите изуми пред членовите на ICSID (International council of Industrial design), кои претставуваат 167 организации од 6 континенти.
Една ваква награда му припаднала на италијанецот Arturo Wittori кој создал кула за вода наречена Warka Water. Станува збор за кула изградена од бамбусова основа која се крева нагоре. Кулата е испреплетена во мрежа на начин за собирање дожд, магла и капки од воздухот. Се гради од материјали кои се наоѓаат наоколу, и тим од 6 луѓе е во можност да ја изгради кулата за помалку од една недела.
Првиот прототип бил направен во 2012 година. Една ваква кула е со капацитет за собирање околу 100 литри вода за пиење во еден ден.
Од мај минатата година Warka Water прототип 3.2 обезбедува вода за селаните од заедницата Dorze во Етиопија, земја каде само помалку од половина од популацијата има пристап до извори на чиста вода.
До 2019 година се очекува вакви кули да бидат кренати на повеќе места од земјата.


Извор:
World Design Impact
Mental Floss