Header Ads

Искусуваме единствен временски период наречен „Влез во холот на затемнувања“


Астролозите се категорични:
Искусуваме единствен временски период наречен „Влез во холот на затемнувања“

До 24-ти март, секој имаше шанса да расчисти со минатото и да си ја промени судбината за 18 годишниот период кој предстои !!!

Додавајќи дека на крајот од март завршува стариот астрономски
знак Риби и започнува нов.

"Ходникот на затемнувања" има две пресвртни точки: првата дава посебна можност на луѓето да се откажат од негативното минато, а другата дава шанса за промена на сегашноста и поставување позитивна агенда за иднината.


Како да го направиме најдоброто за нас во овој период? 

Сумирај го минатото! Само свести се за багажот кој го имаш во моментов, и како би било да си го носиш со себе во наредните 18 години? Биди отворен за промена, и подготви се за промената која ќе ти се случи.



Не избрзувај со непромислени постапки! Ходникот на затемнувања го зголемува ризикот од предвремени заклучоци, несвесни гестови, расправии и кавги, провоцирање конфликти на работното место, носење погрешни одлуки, раскинувања на врски.

Во овој период, однесувај се кон твоите реакции со посебно внимание. Во овие денови, резултатите од нашите постапки се перманентни, и она што ќе биде уништено нема да има шанса за обновување! 

Контролирај ги емоциите! 

 

Во деновите пред и по затемнувањето на Месечината (20-26 март), веројатноста за навреда на некого, говорејќи непријатни зборови или манифестирајќи агресија се зголемува. Спротивтави се на овие импулси - за она што е кажано може само да се жали. Обиди се дури и во мислите да не дозволуваш да му судиш некому или да дозволиш да мислиш лошо - без разлика дали за познаници или странци.

Стреми кон хармонија! 

   
Ова се однесува на твоите чувства, и врските со луѓето и односите кон работите кои те опкружуваат.  
На крајот на "ходникот на затемнувања", дома и на работното место, организирај ги твоите работи, исфрли ги сите несакани, оштетени или непотребни предмети.  
Обрни внимание на твоетоето здравје и убавина, откажи се од лошите навики, обиди се почесто да бидеш во близина на природата.
Со овие едноставни, но важни совети, ќе означиш позитивен почеток на 18 годишниот период кој предстои. Со среќа!





via.gostica.com