Header Ads

Тест кој открива дел од вашата потсвест


На некое време исклучете ја вашата логика. Прашањата во овој тест се направени за да си поиграат малку со вашата потсвест. Не давајте си време за размислување! Користете пенкало и ливче и запичете ги вашите одговори кои први ќе ви паднат на памет.

1. Замислете си како одите низ шума заедно со уште една личност. Кој би можело да биде тоа?
2. Движејќи се низ шумате не далеку од вас здогледувате животно. Кое е тоа животно?
3. Што се случи откако погледите со животното ви се сретнаа?
4. Продолжете да одите низ шумата, здогледувате ливада на која ја гледате куќата од вашите соништа. како би ја опишале нејзината големина?
5. Дали куќата од вашите соништа е оградена?
6. Влегувате во куќата и одите во трепезаријата каде ја здогледувате масата. Што има на неа или околу неа?
7. Ја напуштате куќата од задната врата. Здогледувате чаша на тревата во дворот. Од кој материјал е направена чашата?
8. Што би направиле во врска со чашата?
9. Доаѓате до крајот на дворот и здогледувате поток. Колкав е тој поток?
10. Како планирате да го поминете потокот?

Одговорите на овие прашања ги демонстрираат вашите вредности и идеали. Еве како:

1. Човекот кој оди покрај вас е најбитната личност во вашиот живот.
2. Големината на животното ја претставува големината на вашите проблеми. Колку е поголемо животното толку ви се поголеми проблемите.
3. Каква беше реакцијата при средбата со животното зборува за тоа како ги решавате вашите проблеми. (агресино,пасивно,бегство)
4. Големината на куќата која ја замисливте зборува за големината на вашите амбиции. Доколку куќата е преголема, можно е да имате преголеми очекувања од животот.
5. Доколку нема ограда-вие сте отворена и слободна личност. Доколку куќата е заградена- вие го цените вашиот личен простор, и личниот простор на другите и не би им влегле се дур немате дозвола за тоа.
6. Доколку во трепезаријата не сте здогледале храна или луѓе, тогаш постои голема веројатност дека сте длабоко несреќни.
7. Цврстината на материјалот од кој е направена чашата, зборува за тоа колку сметате дека односите во вашата фамилија се цврсти. Ако чашата е пластична, хартиена или стаклена, тогаш најверојатно сте во грижа за иднината на вашето семејство. Доколку чашата ја замисливте керамичка, порцеланска или метална, нема за што да се грижите.
8. Она што ќе го направите со чашата го карактеризира вашиот однос со човекот кој го замисливте од прашањето број 1.
9. Големината на потокот, ја претставува големината на вашите страсти и љубовните односи.
10. Колку е "помокар" начинот на поминување на потокот, толку е поголемо значењето на страстите во вашиот живот.

Тестов можете да го правите повеќе пати во неколку дена, битно е секогаш да одговарате на прашањата во зависност од тоа што прво ќе ви дојде на ум.

Извор:
Indigo-Svijet