Header Ads

4 чекори: Како да одгледате спиритуално разбудени деца!


Децата се раѓаат со отворени чакри, со совршен баланс на енергија која е недопрена, непопречена и неповредена. За да подоцна се запознаат со емоционални трауми и замки на „болката на созревањето“ во оваа физичка форма. Потребна е голема храброст за да се „долета“ тука и да се водат овоземните битки. Па сепак, ние сите сме тука. Сите сме во сегашниот момент на учење и истражување на емоционалните тешкотии, во нашата потрага по спиритуално воздигнување и радост.

 А тоа го можеме само преку поврзување со нашиот извор на создавање, додека тука можеме да искусиме еуфорична состојба на нашето духовно, вечно потекло.

Без разлика дали ќе го разберете ова или не, сите деца се раѓаат со таканаречени екстра сензитивни способности.. Изразени или неизразени сите деца имаат уникатни дарби или тие се "духовно разбудени деца". Само времето, и несоодветното одгледување на овие природни дарби се оние кои ги уназадуваат природните способности на нашите деца.


Како знаеме дека секое дете ги има овие дарби? Едноставно е, бидејќи сите способности, од психичка свест, телепатија, видовитост итн. се симулираат во срцевиот центар. Само преку спознавањето на сопственото срце можете да ги подарите овие дарби на светот. Интуицијата е основа на нашата поврзаност со езотеријата, и интуицијата произлегува од чувства кои се генерирани од нашиот срцев центар.


Ако сакаме да одгледаме спиритуално будни деца мора да бидеме поготвени со знаењето кои точно чекори треба да ги превземеме во подигањето деца со висока емоционална интелигенција.

Следните точки се од суштинско значење за обезбедување и поттикнување на духовниот раст на нашите деца, и ќе обезбедат духовно напредно општество во иднина.


1. Научете го вашето дете дека емоциите се океј! 

Чувства на лутина, вина, тага, среќа и радост, сите мора да ги прифатиме. Од друга страна, ако ги учиме нашите деца дека не е во ред да се лутат, ние ги учиме да ги поттиснуваат емоциите.


Кога ги поттиснуваме емоциите, тие се закотвуваат во внатрешноста на срцевиот центар и стануваат нерешени чувства кои го блокираат центарот. Сите емоции и чувства мора да бидат изразени на здрав начин.



*Еве кои три чекори треба да се користат ако вашето дете е луто или фрустрирано.


1. Препознавање на емоции

2. Побарајте да ја изнесе точната емоција. Тоа ќе му овозможи на вашето дете да ги препознава емоциите, без разлика дали е чувство на лутина или фрустрација

3. Дозволете му на вашето дете на здрав начин да ги ослободи. На пример, ако вашето дете е луто, дозволете му да вика "Јас сум лут/а!" нека го повторува тоа онолку пати колку што му е  потребно, додека се ослободи од гневот.

Она што јас го искусив од оваа тактика, дека по одредено време повторувањето завршува со смеа. Затоа што децата знаат како да се смат на себе, бидејќи сте им овозможиле здраво ослободување на емоциите и тоа им прави да се чувствуваат добро.




2.Престанете да го програмирате однесувањето на добро и лошо!

 Добар си! Лош си! -Отстранете ги овие зборови од вашиот вокабулар!
Ако го учите Вашето дете дека е добро или лошо, вие во него инсталирате процес на себе-вреднување и сепарација во себе. Тие ќе почнат да гледаат на себе со алтер его.
И така ние сме родиле дете со ангел на едното и ѓавол на другото рамо.

Не постои ангел и  ѓавол, има само добри дела и лоши дела.  
Ние треба да се фокусираме на делата, а не детето.
Постојат работи кои ќе ги кажеме или направиме што може да им наштетат или да ги повредат  другите, или пак да ни наштетат на самите себеси, и работи кои можеме да ги направиме или кажеме кои ќе ја потенцираат љубовта на другите или себеси. 

Корегирајте го делото а не детето.

 
















3. Слушајте ги внимателно 

Ова може да изгледа како нешто кое се подразбира, но всушност е нешто кое е многу подлабоко.
Децата кажуваат работи, и ние сакаме да мислиме дека тие само кажуваат некои работи бидејќи се деца и сакаат да зборуваат за се и сешто. Но ако внимателно ги слушате и обрнувате внимание на нивните зборови, ќе почнете да забележувате благо интуитивни способности, а ваша работа како родител е да ги негувате тие способности. Ваша работа е да ги пронајдете и негувате за тие да можат да ги споделат своите дарби со светот!

Немојте да се смеете, да го иронизирате или отфрлате она што тие го кажуваат,  без разлика колку и нереално тоа да звучи.

Толку многу можете да научите од Вашето дете, и ако го слушате внмателно без предрасуди или рационализација, ќе успеете да ѕирнете „позади завесата“.
Вие сте програмирани да рационализирате, а децата никогаш не лажат!




  4. Тие имаат дарба за споделување 


Сфатете дека Вашето дете не е само „ваше дете“, дека тоа е тука со цел, за духовен повик, за мисија која само тоа ќе може да ја заврши.

И за да можеме да ја препознаеме таа дарба, треба да им го дадеме на нашите деца нашето време. Бидејќи нашето време е најскапоцениот подарок кој може да им се даде, и правејќи го тоа, ќе сфатите зошто.




via thespiritscience.net.
by LJ Vanier