Header Ads

Разликата помеѓу сродните души и животните партнери

Доколку спаѓате во онаа група на луѓе кои лесно длабоко се поврзуваат со друѓите, сметајте дека сте многу среќни. Кога станува збор за поврзување со друѓите, сите ние сме способни да утврдиме за каква конекција станува збор.
Сродна душа е онаа душа која целосно се вклопува со вашето вистинско јас.Нивното присуство во вашиот живот ви помага да го надминете вашето сегашно јас. И кога еднаш меѓусебно ќе си помогнете да достигнете нови разбирања, по одредено време вие сеуште ќе си се сакате, но, односот нема да биде толку длабок како претходно.
Животен партнер пак е друштво на кое можете да сметате и со кое можете да раснете. Животните партнери на почетокот изгледаат како сродни души, но потоа прераснуваат во нешто друго. Можат да постојат премногу несогласувања, но, на крај и двајцата партнери се враќаат на една иста точка. И како поминуваме повеќе време заедно и колку повеќе сме интимни со нив, толку повеќе ги согледуваме разликите. Но, и двата типа се достапни кога најмногу ни требаат.
Сродните души се како живи алатки кои ни помагаат на нашето патување. Животните партнери пак се како рефлекција на вас кои ви ги возвраќаат чувствата. И од двајцата се учи.
Животните партнери повеќе се грижат за конекцијата помеѓу вас двајцата, додека влијанието на сродните души е фокусирано на спиритуалниот прогрес и на двете страни.
Разликата доаѓа и во однос на физичката привлечност. Вие обично сте  фокусирани на изгледот на вашиот животен партнер, и тој или таа нејверојатно ве возбудува, и посакувате да го запознаете партнерот уште повеќе и во однос на физичката страна. И вашата сродна душа сигурно е убава, но сепак за нив чувствувате како да се дел од вашата фамилија.
Оваа разлика е многу битно да се утврди, просто од причината што треба да знаете од кого што да барате и од кого што да очекувате. И запомнете дека кога станува збор за врските и односите, партнерите пред се треба да се чувствуваат слободни.

Извор:
Higher Perspective