Header Ads

Поврзаноста на универзумот и геометријата. Се е во моделите!

Најверојатно повеќето од вас некогаш слушнале за Цвеќето на Животот, кое претставува симбол во многу спиритуални и религиозни учења насекаде низ светов. Цвеќето на животот (Flower of Life) е всушност и еден од најстарите свети симболи познати за човекот. И секако дека во однос на разбирањето на овој симбол постојат премногу информации и знаења кои најверојатно треба да поминуваат низ нашите мисли при барање на одговори поврзани со животот, универзумот, вистината и слично. Јас многу длабоко верувам дека на оваа планета Земја поминале животи и животи, генерации и промени на цивилизации кои најверојатно на работите гледале на многу поинаков начин.
Па така за цвеќето на животот се смета дека е света геометрија која содржи антички религиозни вредности и уште побитно ги претставува фундаменталните форми на просторот и времето, а нуди уште многу повеќе.
Fu-Dog
Најстариот опис на цвеќето на животот се наоѓа во храмот на богот Озирис (Osyris) во Abydos во Египет. И овој симбол овде не изгледа како да е изрезбан во каменот, туку како да е направен со горење на каменот. Други пак описи може да бидат најдени во многу други држави вклучувајќи ги Израел, Турција, ирска и многу други. А, едно многу интересно објаснување е најдено и во Забранетиот Град, Пекинг. 
Цвеќето на животот е најдено во сферична форма под шепата на кучето Фу (Fu-Dog), односно Лавот Чувар. Ова место било дом на 24 императори од династијата Минг и Кинг. Кучињата Фу биле симбол за заштита на градбите и жителите, и се сметале како заштитници на знаењето. Па кога ќе се земе предвид дека симболот се наоѓа веднаш под шепата, ни станува јасно дека кучињата буквално се заштитници на знаењето.
Погоре споменав дека цвеќето на животот се смета како света геометрија, но што тоа сепак значи?
Порано различни облици заземале сиболичко значење, како што се триаголниците, шестоаголниците и октагоните, кои се сметале за физичка манифестација на броевите. Поради ова, овие облици држеле повисока вредност на вибрирање, токму поради фактот што биле видливи. Поради ова Леонардо ДаВинчи бил премногу заинтересиран за цвеќето на животот и ги изучувал неговата форма и математички пропорции.

Тој исто така се интересирал како цвеќето на животот се поврзува со физичката реалност како и свеста. Леонардо ДаВинчи го има нацртано цвеќето на животот, како и семето на животот. Тој е познат и по употребата на бројот Пи во неговата уметност, кој што е познат како Спиралата на Фибоначи, која потекнува од обликот на цвеќето на животот. Спиралата на Фибоначи (The Fibonacci Spiral) претставува низа од броевите 0,1,1,2,3,5,8,13,21,34...и секој број е создаден од двата претходни. Ова е многу битно бидејќи спиралата која оваа математичка равенка ја создава може да биде пронајдена во сите живи суштества вклучувајќи ги човечките суштества, растенијата, животните па дури и нашата галаксија, млечниот пат.
Постојат премногу антички делови кои биле изградени врз база на овие геометрички принципи како што се Партенонот во Грција од 438 п.н.е, Таџ Ма Хал во Индија и многу други.
Цвеќето на животот може да се поврзе и со т.н мататронска коцка (Matatrons cube) која претставува геометричка фигура која е направена со поврзување на линии од центарот од секој од 13 кругови со сите останати. Овие кругови доаѓаат од Овошјето на животот, кое пак доаѓа од проширената верзија на цвеќето на животот. За подобро да се разбере ова, ве замолувам да го погледнете видеово во кое се зборува за цвеќето на животот, цемето на животот, јајцето на животот, светата геометрија и метатронската коцка.

Па доколку би го разбрале сето ова многу добро, мижеби конечно би разбрале како универзумот работи. Ова може да се користи како алатка за конектирање при медитирање, и многу моќен симбол за нашиот секојдневен живот. Некои луѓе дури сметаат дека употребата на овој симбол на нашите електронски уреди би можело да ни помогне за одбивање на штетните фрекфенции кои овие уреди ги емитуваат.
Сето ова претставува еден голем потсетник дека сите ние сме поврзани еден со друг, и со секое едно нешто на овој универзум. 


Книга во која се зборува за цвеќето на животот и универзумот е The Ancient Secret of the Flower of Life.

Извор:
Collective Evolution
YouTube