Header Ads

Подземни храмови со непроценлива вредност

Се сеќавате ли дека во статијата Гушкање на дрвјата за подобро здравје го споменавме племето Damanhur? Ова племе живее во Италија северно од Piedmont во нивното "еко-селце" во долината Valchiusella.
Ова заедница е оформена во 1975 година од страна на Falco Tarassaco и брои околу 600 индивидуи.
Луѓето од заедницата Даманхур се најмногу познати по нивната подземна катедрала позната како Temples of Humanity, односно Храмови на човештвото. Многумина ова го сметаат како осмото светско чудо, бидејќи целиот тој огромен комплекс е рачно изрезбан во срцето на Алпите во северна Италија. Со најразлични форми на уметност овие храмови се посветени на будењето на божественото присуство во секое човечко искуство.
Целиот проект започнал во 1978 година. По неколку години скришно градење и преправање славење прослави, се со цел да се прикрие звукот од копањето, властите почнале да примаат жалби за незаконско копање во планината. Па така во 1992 година основачот на заедницата морал да им ги покаже хрсамвите на властите. Тој ги однел во храмот кој бил наречен Хала на Земјата (Hall of the Earth). По влегување во храмот луѓето биле воодушевени, по што го охрабриле градењето на храмовите.
Мапа на храмот






"Даманхур е Федерација на спиритуални заедници, со сопствена култура, уметност, музика, валута, училишта и употреба на наука и технологија. Граѓаните се отворени за делење на сопственото знаење и истражување со други групи и култури низ светот. Оваа заедница одржува настани во многубројни центри, организации и различни места во различни градови во светот. Исто така луѓето од оваа заедница се домаќини на посетители од целиот свет. Да се движите во Даманхур значи да се движите низ минатото, сегашноста и иднината,античката мистерија и забравената мудрост од големите цивилизации. "









Погледнете го видеово за подобро да го доловите местото за кое станува збор.


Извор:
timewheel.net
damanhur.org