Header Ads

Пчели тренирани за правење мед од канабис

Еден човек што се претставува под името Nicolas Trainerbees ги научил сосптвените пчели да правад мед од билката канабис.
Овој 39 годишен човек е всушност адвокат за комплетни реформи поврзани со канабисот и неговата медицинска употреба. Тој веќе 20 години се занимава со пчеларство и неговите пчели ги има научено да собираат шеќери од плодовите наместо од цветовите.
Николас е со големи страсти кон природата, а со неговиот канамед (cannahoney) се надева дека ќе им помогне на луѓето кои патат од различни болести.
Низ годините тој ги научил бенефитите од производите од пчели како што се медот, прополисот, поленот, восокот, матичната млеч, а знаејќи ги бенефитите од канабисот сметал дека може да превземе нешто и во врска со тоа. Па така си ги научил пчелите да го прават овој вид на мед. Во 2006 година започнал со изучување како пчелите можат да го направат тој мед, а во 2013 година ги видел својот прв успех.
Во моментов тој има околу 30 пчеларници и работи заедно со неговата сопруга некаде во Франција.
Доколку некој има желба да стапи во контакт со овој човек, можете да го најдете на facebook, instagram или youtube.

Извор:
Shawn Jason
Higher Perspective