Header Ads

Луѓе кои заработуваат патувајќи низ светот

Ако ме прашате која е мојата работа од соништата, одма ќе ви кажам дека за мене тоа е работата преку интернет.Уште подобро би било кога би можела да го патувам светот и да заработувам од тоа. Оваа моја страст ме натера да гуглам и да истражувам, и налетав на приказни кои едноставно ме инспирираа. Луѓе, верувајте дека постојат луѓе кои заработуваат патувајќи го светот. Зборувам за travel блогерите и youtube влогерите. Искрено не ни знам како да ги наречам со македонско име за да не би звучело толку, па да не кажам глупо. Најверојатно блогери патувачи. Како и да е постојат луѓе кои патуваат низ светот, ги споделуваат своите приказни, препораки, стекнати искуства и совети, што им овозможува солидни примања за да тие едноставно да можат да продолжат со патувањето од едно место на друго и да уживаат во она што секоја дестинација може да го пружи. Да се биде блогер не е лесно, да се заработува е уште потешко, а пак да се заработува и живее од тоа, верувајте ми си бара време, голема посветеност, ангажирање и промовирање на содржината која еден блогер ја нуди.
Морам да признаам дека налетав на многу блогери, овде ќе ги издвојам оние кои со свој сопствен труд стигнале таму каде што се, и се едни од најпознатите travel блогери.

Young Adventuress
Овде станува збор за Лиз која веќе десет години патува низ светот. Во моментов девојкава живее во Нов Зеланд, но тоа не ја спречува постојано да отпатува на некоја друга дестинација. Но, да се навратиме малку наназад. Лиз започнала да патува уште на 16 години, но по нејзиното дипломирање, отишла да живее во Шпанија, каде го започнала блогувањето на Young Adventuress. По враќањето од Шпанија таа одлучила да ја напушти својата работа во канцеларија и да тргне во освојување на светот. На следниов линк можете да го прочитате нејзниот совет за тоа како се почнува со еден блог и на што треба да се обрне внимание. Лиз не заработува само од содржината која ја споделува на нејзиниот блог, таа е веќе добро позната, и многу туристички агенции ги финансираат нејзините патувања, т.е дел од патувањата, ги продава нејзините фотографии и наплаќа на други помалку познати блогери да се рекламираат на нејзиниот блог.
Оваа девојка има посетено повеќе од 40 држави, на нејзиниот блог можете да најдете навистина интересни искуства, совети и фотографии.

Young adventuress е името на нејзиниот блог е , а може да ја следите на Facebook или Instagram.
Hippie in Heels
Овде станува збор за Рејчл. И си ја обожавам. Девојчево навистина се труди. Рејчл ја напуштила својата кариера како медицинска сестра за да живее на плажите во Гоа,Индија. Овде е ситуирана веќе две години, живее со својот партнер, но сето тоа не ја спречува да патува повремено. Главно го промовира патувањето во Индија, повторно како и Лиз давајќи секаков совет кој е поврзан со патување. Нејзиниот блог може да го посетите на следниов линк, истиот е прогласуван за еден меѓу најдобрите. Покрај тоа што е travel блогер таа изработува свеќи и е обучена за тајландска масажа.
Hippie in Heels можете да ја најдете на Facebook и да го следите нејзиниот албум со фотографии на Instagram.

That Backpacker
Запознајте ја Аудри. Девојка која веќе со години патува со камера во едната рака и тетратка во другата. Она што најмногу ме фасцинира во врска со неа е тоа што цела година поминала патувајќи низ Азија со еден ранец на нејзиниот грб. Уште повеќе ми се допаѓа начинот на кој ги пренесува нејзините патешествија. Морам да признаам дека не многу сум го читала нејзиниот блог, но нејзиниот youtube канал е доста занимлив. Таа заедно со уште еден блогер патува и спрема видеа презентирајќи каде одат, што искусуваат, што јадат, ги пренесуваат културата и традициите и ни даваат совети за патување.
That Backpacker исто така можете да ја следите на Facebook и на Instagram.

Ова се само три девојки кои јас ги следам, верувајте ми листата е многу поголема. Еве дел од останатите travel блогери.


Извор:
Young Adventuress
Hippie in Heels
That Backpacker