Header Ads

Кондом од канабис

Примената на канабисот се најде за уште едно нешто. Една компанија од Амстердам наречена Cannadom создала премиум кондом со вкус на канабис. Слоганот кој стои на нивната веб страна вели:
 "Зашто да не ги комбинираме двете најдобри нешта во животот-трева и секс. Канадомот има арома на марихуана, и е со зелена боја, како и самото растение"

Е сега, интересен е моментот: дали од кондомот можеш да се откачиш? :)

За жал, не. Кондомите се без THC, така да не очекувајте некакви ефекти. Ги има само миризбата и вкусот од билката. Но, верувајте дека и ова е доволно и занимливо. Сепак стимулирањето на широк опфат на чувства како вкусот и миризбата играат важна улога во создавањето на лудо сексуално искуство.
Со една студија било откриено дека различни миризби имаат голем ефект врз крвниот притисок и сексуалната возбуда кај мажите. Марихуаната и сексот сепак имаат долга историја, и оваа билка долго време била употребувана како афродизијак.
Сега луѓето се трудат на најразлични начини да ја докажат користа од канабисот поврзана со сексот,  доза трева наречена Sexxpot или различни лубриканти, кои првично се наменети за жените коишто кога ќе се намачкаат на вагината се ослободува перфектна доза на THC. Со ова се зголемува крвниот притисок во вагината и се зголемува сексуалната желба.

Извор:
Cannadom
Green Rush Daily