Header Ads

Како до повеќе инстаграм следбеници?


Доколку спаѓате во групата на "social network freaks" тогаш ова што следи верувајте дека ќе ви се најде. Инстаграм е една прекрасна апликација и социјална мрежа која сите луѓе ја користат со различен мотив, и од која јас верувам има многу голема корист. Некој се промовира самиот себе си, некој промовира бренд, некој промовира некого, некој чисто онака. Како и да е сите посакуваме содржината која ја споделуваме да биде со што е можно повеќе срценца и да ни донесе повеќе следбеници. Постојат некои точки на кои можете да обрнете внимание и да ја привлечете саканата публика.

1. Бидете активни. Активноста е најбитна, зашто така на своите следбеници им нудите нова содржина секојдневно. Тоа не значи да бидете досадни, туку едноставно тоа се бара. 

2. Користете популарни хаш-тагови кои се една од најмоќните алатки за стекнување следбеници: 
  •  #love
  • #instagood
  • #me
  • #tbt
  • #cute
  • #photooftheday
  • #instamood
  • #iphonesia
  • #picoftheday
  • #igers
  • #girl
  • #tweegram
  • #beautiful
  • #instadaily
  • #summer
  • #instagramhub
  • #follow
  • #iphoneonly
  • #igdaily
  • #bestoftheday
Една доста добра апликација на Google Play е Top Tags, која нуди групирани хаш-тагови според одредена тема. 

3. Користете филтри. Со филтрите кои ги нуди инстаграм, или пак некоја друга апликација како што е Snapseed, вашата фотографија може да добие сосема друг поатрактивен изглед. Од оние филтри што ги нуди инстаграм како најпопуларни се сметаат:
  • Normal
  • Earlybird
  • X-Proll
  • Hefe
  • Rise
  • Valencia
  • Amaro
  • Brannan
  • Lomo-fi
  • Hudson
  • Mayfair - се смета за најпопуларен филтер
4. Коментирајте на сликите на другите профили. Доколку сакате вашите слики да се здобијат со повеќе лајкови и коментари, бидете свесни дека треба да се ангажирате со другите корисници. Разберете дека на сите им се допаѓа коментирањето многу повеќе од лајковите. Па така доколку одвоите време да пролистате низ нечиј профил и да коментирате на сликите, веројатноста дека тој корисник ќе го направи истото е многу голема. Дури веројатноста дека после вашите коментари корисникот ќе почне да ве следи е речиси неизбежна. 

5. Лајкнувајте ги сликите и на профилите кои не ги следите. Според Neil Patel (фрик од областа на дигиталниот маркетинг), ова исто така привлекува следбеници. Тој заклучил дека лајкнувањето на слики на профили кои не ги следи, му донело 43,26% од сите допаѓања и 31% од сите коментари на неговите фотографии доаѓаат од луѓе кои не го следат неговиот профил.

6.Обрнете внимание на времето кога постирате. Како најдобар ден за постирање на инстаграм се смета вторник во 1 часот по полноќ. Други денови се среда и четврток околу 11 часот навечер. На дневна база се препорачува постирање околу 10 часот наутро или 11 часот навечер.  Имајте предвид дека сликата е најактивна во првите 3 часа од нејзиното постирање. Дури 69% од лајковите и коментарите се случуваат во првите 3 часа. Така да доколку сликата не направи бум во тој период не очекувајте многу понатаму. :)

7. Никогаш не заборавајте дека квалитетот го надминува квантитетот. Така да бирајте ги убаво сликите кои ќе ги споделувате. 

8. Напишете нешто во вашето био. Употребете ја вашата креативност и претставете се, или претставете го вашиот бренд или вашата страст кон одредено нешто.

9. Тагирајте други корисници. Со ова овозможувате сликата да се поврзе со профили кои имаат многу следбеници, што секако води до зголемување на вашиот број на следбеници. 

10. Споделувајте светли фотографии. Утврдено е дека оние слики со 65%-85% светлост (light), добиваат 24% повеќе допаѓања и коментари од оние слики кои се со помалку од 45% светлост. 

Постојат уште многу други трикови за стекнување со следбеници, срценца и коментари, што носи до популарност на нашиот инстаграм профил. Но, започнете со овие. Понатаму ќе додадеме нешто ново. 

Поздрав. 

Извор:
Forbes
Quick Spourt