Header Ads

Како да одгледувате марихуана во вашиот дом?

Одгледувањето на марихуана во сопствениот дом сигурно би било најдоброто нешто што еден конзуматор на оваа билка би можел да го направи. А, од друга страна, имајќи предвид во какво општество живееме, на никој и не му паѓа на памет. Ама како и да е, има некои храбри дечки што се нафаќаат на овој чекор. Замислете, најубаво би било кога билката ќе си ја негуваш сам. За среќа постојат дури и техники кои помагаат при одгледување на марихуана, секако за подобрување на нејзиниот квалитет. Доколку некогаш се решите за одгледување на оваа билка во вашиот дома (имајте предвид дека тоа морате да го направите многу скришно), би можеле да почнете со следење на овие чекори.

1. Правилно одберете го семето
Првиот и најбитниот чекор е да се одбере семето. Најбитно е да знаете дека ви е потребно женско семе. Женското семе може да се открие на тој начин што ќе ги анализирате семињата и ќе ги одберете оние кои имаат дупче на дното, како вулкано, односно местото каде семето било закачено за стеблото. Најдобро е да се одбере индика, сатива или хибрид. Женските канабиси произведуваат пупки, а машките не.
Погледнете го видеово во кое е покажано како правилно да го одберете женското семе, или слободно употребете го Google кој секако ќе ви го даде потребниот одговор.
                   

2. Пронајдете го правилниот сад
Секако дека постојат најразлични садови,саксии, контејнери или други канчиња кои се погодни за одгледување на марихуаната. Сепак се препорачува вид на саксија изработена од ткаенина, бидејќи така на растението му се овозможува доволно кислород да стигне до неговите корени.
Погледнете ги следниве саксии за раснење на марихуана.

3. Додадете ја потребната почва
Како за прв пат на одгледување на марихуана, се препорачува користење на обична земја која е богата со хранливи материи и некои други состојки кои помагаат за задржување на почвената светлина и воздух.
Кога ќе го наполните садот со земја не претискајте ја земјата премногу надолу. Потребно е почвата да остане мека, така што корените на растението ќе можат да раснат слободно и да ги примаат сите хранливи материи од земјата.

4. Засадете го семето
Нежно засадете го семето на околу 2-2,5 цм под површината на земјата. Покријте го нежно со слој земја и полијте го со вода.
За време на фазата на 'ртење, не дозволувајте почвата да се исуши, но од друга страна внимавајте да не го пренаводните растението. Се што треба да се направи е да се одржува земјата влажна.

5. Дадете му светлина на растението
Кога веќе растението ќе почне да расне и ќе се појават неговите први лисја, време е истото да се изложи на потребната светлина. 
Ова растение бара премногу светлина, така да бидете сигурни дека ова ќе го направите доста квалитетно и добро. При одгледување на канабис во вашиот дом се препорачува малку поскапа инвестиција во лед осветлување. Како и да е може да се започне со 600 вати натриумска светилка.
За време на фазата на раснење, бидете сигурни дека растението е изложено не помалку од 18 саати на светлина.

6. Нахранете го растението
Како што стеблото ќе си расне, битете сигурни дека истото е доволно наводнето, а сепак не премногу. Откако еднаш ќе го наводните, почекајте горниот слој од површината на земјата да се засуши пред да го наводните повторно. Користете храна за растенија за да му ги дадете потребните хранливи состојки.

7. Создадете циклус на цветање
Во природата, канабисот почнува да цвета кога долгите летни денови се предаваат на пократките есенски денови, односно септември. При раснење во домот потребно е да направите вашето стебло да мисли дека токму тоа е тоа што се случува со тоа што ќе ја намалите светлина. Намалете ја изложеноста на светлина на стеблото на 12 часа на ден, и очекувајте наскоро стеблото да почне да цвета.

8. Берба на цветовите
Како што стеблото почнува да цвета обрнете внимание на влакненцата трихоми (trichomas). Тоа се оние малечки влакненца што изгледаат како на нив да имаат прилепено некој вид на кристали. Кога сите овие влакненца изгледаат како млеко, тогаш е времето за берба.
Внимателно исечете ги пупките од стеблото, и бидете внимателни да не ги оштетите самите пупки.

9. Исушете ги пупките (туфките)
За да ги исушите свежо набраните туфки, поставете жица и закачете ги да висат надолу во добро проветрена просторија.Штом помалите стебла ќе станат доволно суви за да можат да се свиткаат на половина без проблем, следи фазата на собирање на туфките.

10. Соберете ги вашите туфки
Внимателно отстранете ги од големите стебла и сместете ги во голема стаклена тегла, затворете ги и ставете ги на темно место. Проверувајте ги еднаш до два пати дневно, доколку приметите влажност во теглата отворете ја. Проверувајте ги се дур не дојдат до степен на суво лепливи туфки.
Кога ќе стигнете до овој момент, вашите туфки се спремни за дување. 

Растењето на стебло од марихуана претставено во една минута

Извор:
Green Rush Daily
YouTube