Header Ads

Изгубеното монголско племе

Мораме да признаеме дека човековиот род е стасан многу далеку во споредба со тоа што луѓето биле пред илјадници години. Почнувајќи од пештери и неразвиена земја, луѓето изградиле градови и домови за кои претходните генерации најверојатно не би ни сонувале. 
Глобализацијата пак од друга страна го отежна зачувувањето на старите култури. Одовде и произлегува големата значајност на племето Дука (Duka) од Монголија,номадско племе кое веќе со векови живее на истото место. Во текот на тоа време, овие луѓе развиле посебна врска со дивите животни. Дозволете повеќе за тоа да кажат фотографиите  направени од Hamid Sardar-Afkhami. 

Овие елени претставуваат единственото превозно средство за овие луѓе. Децата уште на мали години се учени како да ги тренираат елените.
Денес ова племе е сочинето од 44 фамилии со околу 200 до 400 луѓе. Тие преживуваат од туризмот, односно од посетата на луѓето кои плаќаат за различни перформанси, рачни изработки и секако јавање на елените.
Дука луѓето покрај тренирање на елени се занимаваат со трнирање на волци и орлови. Орловите се обучуваат за лов, овој акт се смета за привилегија и оние членови од племето кои се занимаваат со истото се длабоко почитувани од останатите членови.

Верувањето на ова племе е дека тие се во голема поврзаност со природата и животните и ја чуваат својата култура без разлика на големото влијание од надворешниот свет. 

Извор:
shareably.net