Header Ads

12 моќни совети кои ќе ви помогнат да им пристапите на скриените димензии и алтернативните реалности

Целиот наш живот е само брзање. Ги бркаме нашите желби и неисполнети соништа. Не привлекуваат парите, моќта, популарноста, целосен и исполнет живот. Поттикнати од нашите амбиции, целиот наш живот бркаме цели.Тежнееме кон нешто што сакаме да го постигнеме. И сета ова брканица е базирана на нашиот страв дека сеуште не сме тоа што сакаме да бидеме. Никогаш не сме задоволни. Секогаш сакаме нешто друго. И така ја губиме нашата поврзаност со подлабоките димензии од животот, кои сепак постојат. За оние кои веруваат дека подлабоките димензии постојат, прашањето најверојатно би било: Kако да им пристапиме на истите?

1. Сфатете дека сте бессмртно битие кое е изгубено во свет на изолација и кое очајно се бара самото себе си.

2. Се додека вашиот ум е полн со мисли, никогаш нема да ја пронајдете вистината. Вистината се открива самата себе си на тивкото место во нашето срце.

3. Изолирајте ги анализите и методите на вашиот ум, и дозволете генијалните вие да процветате во самите вас.

4. Доколку умот е смирен, без стравови, завист или тага, во вас ќе протече енергија која нема почеток и нема крај.

5. Бидете во состојба на будна свест. Тогаш таа животна енергија ќе биде во вас, и насекаде околу вас.

6. Пробудете се од дремката во која ги идентификувате сите ваши мисли и желби. Тогаш во неподвижната состојба на свест лудиот свет кој секогаш се менува ќе биде претворен во една прекрасна игра.

7. Знајте дека будноста ги отвара портите кон она што ние сме. А сме едно со се што не опкружува.

8. Свесноста е како оган кој гори во вас и го гори светот на изолација околу вас.

9. Внимавајте! Разбудената свест е сепак страшна, бидејќи може да ги уништи сите ваши соништа за спиритуалниот раст во еден момент.

10. Првиот подарок од состојбата на свесност е кога ќе откриете дека наместо вие, вашиот живот го живее вашиот програмиран ум.

11. Доколку ја барате среќата надвор од самите вас, ќе најдете само моментално задоволство. Среќата претставува радост на постоењето во моментот.

12. Најпримамливиот цут од вашето внатрешно битие е благодарноста.

Извор:
The Mind Unleashed