Header Ads

Уникатните Цигански Каравани за патување

Компанијата Greg's Gypso Bowtop Caravans е компанија лоцирана во Бристол, и е специјализирана за продажба и изнајмување на уникатни приколици за кампување, или уште наречени Цигански Каравани (english: Bowtops, Gypsy Wagons, Whoopie Wagons and Romani Caravans).
Овие прекрасни приколици станале популарнио уште во 1950 година, откако зголемениот сообраќај го отежнал патувањето со коњ. Во ова време, моторните возила станале доста популарни и помеѓу циганите.
Компанијата е основана од страна на Greg, кој го започнал бизнисот откако се појавил голем интерес за вагоните кои ги спремал за лична употреба.


Ваквите вагони или цигански каравани можат или да се купат или да се изнајмат. Караваните може да се изнајмуваат за фестивали, патувања и други настани, а доколку пак сакате да купите можете да го креирате и дизајнот кој го посакувате.
Приколките се лесни за употреба, направени од природни материјали, и можете да ги носите скоро секаде.
Интериерот е доста интересен вклучувајќи простор за складирање, маса, столчиња, кревети, полици, апарати за домаќинство и сл. Место за спиење има за четири луѓе.
Вагоните се направени од квалитетен бор, со добра изолација, водоотпорна мембрана и памучни платна. За изработка на еден ваков караван се потребни 5 месеци.
Извор:
theplaidzebra.com

gregsgypsybowtops.co.uk