Header Ads

Трипање со помош на техника за дишење. - Раскажано искуство

Со помош на дишењето, практикувајќи одредени техники, можете да се доведете до состојба на медитација, за која се верува дека ги заменува ефектите од LSD. Факт е дека постојат луѓе кои успеваат да искусат невообичаен степен на свесност, како што се различни душевни патувања, собирање искуства од претходни животи, гледање визии и слушање гласови. Тоа е и она што можете да го постигнете со отварањето на вашите чакри.
Шаманите исто така користеле техники на дишење со илјадници години, но модерната практика започнала како резултат на едно LSD истражување во 1960 година. За основач на испитувањето се смета Stanislav Grof, кој е познат по студиите од областа на психоделичните терапии, односно идеата дека халуциногените дроги можат да бидат корисни во примената на психотерапии. Откако LSD-то почнало да се смета како нелегална дрога, неговото внимание тој го насочил кон дишењето.
Со овие техники на дишење (наречени Breathwork) се дише многу брзо за да се отстрани карбон диоксидот од телото, а сето тоа води до покачување на pH вредноста во крвта. Несаканите ефекти можат да бидат вртоглавица, пецкање и грчеви. Повеќето од овие смптоми можат да бидат објаснети како резултат на хипервентилацијата.

Сега следи една приказна за тоа како еден човек прабал да трипува со помош на техника за дишење.
"На едно патување во Индија, налетав на еден флаер за Breathwork курс закачен во една продавница за здрава храна во Gokarna, мало свето градче кое се наоѓа неколку часа лет јужно од Goa. Овој курс беше воден од еден човек Franz Simon, кој бил трениран според методите на Grof. Овој човек е околу 60 години, и има напишано многу книги.
На денот кога јас се појавив, заедно со уште двајца германци и три израелци, останавме да тропаме на вратата од неговата работилница, речиси молејќи го да влеземе.
Тој се извини, и не замоли да му дадеме уште 5 минути.
По неколку минути сите веќе бевме седнати на перници на подот во собата. Беше премногу жешко, и бевме премногу испотени. И полека почнавем. Седнавме во парови, секој со прекрстени нозе, гледајќи кон комплетен странец. Сесијата започна со неколку прашања. Кој си ти? Што би ризикувал за да бидеш среќен?Што можеш да смениш за да бидеш слободен? 
Секој од нас требаше да одговори на овие прашања најискрено колку што може.
После секое прашање, ги менуваме партнерите. Разговорите беа наменети да ги зачинат нашите умови, да ја разбуди нашата природна љубопитост и да не спреми за дишењето.
Поминавме околу еден час на прашањата и одговорите. Ние бевме странци еден за друг а се отваравме еден пред друг, зборувајќи за нашите желби, падови и нештата кои стоат на нашиот пат. Некои од одговорите кои јас ги дадов ме изненадија. Енергијата во собата правеше сите да се чувствуваме поврзани, изгубени и можеби помалку несреќни.
Потоа Franz не замоли да станеме. Тој ни објасни дека делот што следува може да е опасен, во однос на тоа дека нашето тело може да се деформира, или пак дека можеме да паднеме, но дека сепак такво нешто нему му се нема случено никогаш. Речиси и го извадивме целиот карбон диоксид од нашето тело, што може да го направи нашето тело поцврсто.Практикантите на оваа техника ова го напекуваат "канџа", бидејќи прстите на рацете и нозете се парализираат во форма на канџи, а потоа паѓаш на земја.
Почнавме да дишеме низ носевите, заедно во исто време со Franz, наведнувајќи се на колена со секое издишување. Секое издишување беше подолго од вдишувањето. Ги затворивме очите, и дишевме се побрзо и побрзо. Беше навистина непријатно, и се што сакав да направам е да застанам и да си земам нормален здив. Звукот во собата беше премногу бучен, нозете ми се тресеа а прстите ми отекоа. Franz потоа дојде до мене и ми кажа да се спуштам на моите колена, по неколку минути тој ме водеше исправен на мојот грб. Се стана навистина тивко, а освен него не бев свесен за никој друг во собата, ниту пак бев свесен дека воопшто сум во собата.
Franz потоа почна да пее мантра, ти си створен од љубов. Со мои затворени очи почнав да гледам различни модели и животински форми. Имаше една лисица, и нешто што личеше на слон, и бидејќи ова е Индија, секако крава.
По некое време, тој ни кажа да ги отвориме очите. Кога го сторив тоа, видов дека секој друг во собата исто така лежи. Тој не праша колку долго мислиме дека ова траело. Изгледаше како половина час, но Franz не извести дека сме лежеле 90 минути.
Направивме пауза за сладолед, и кога се вративме ја повторивме истата техника на дишење. Овој пат, дишев дури побрзо и трансот изгледаше појак. Во еден момент, дури можев да видам долг црн тунел, и како што дојдов поблиску, паднав во него. Ефектот беше сличен на ефектите од мала доза LSD или пак некои психоделични печурки, или пак кога си се препушил. Бев во транс, во ред, но мислам дека многу лесно можев да излезам од него.
Franz свиреше една песна на неговиот инструмент, и потоа не разбуди. Прашувајќи не како сме се чувствувале.
Една девојка од Израел кажа дека чувствувала вибрации низ нејзиното цело тело, Германецот ги изгубил сите чувства во неговите раце и мислел дека лета. Некој друг ја слушал неговата музика во некој друг јазик. За мојата визија со тунелот тој сугерираше дека е визија од моето раѓање.
Franz ни објасни дека ова е само вовед во Breathwork. Постоеле луѓе кои успевале да отидат многу длабоко, гледајќи ги нивните минати животи, луѓе кои се ослободувале од трауми и слично.
Истава техника ја пробав сам потоа, но без овој човек и неговата музика и мантра, се исцрпив и само заспав." - Conor Creighton

Почитувани доколку вие имате некои искуства кои би сакале да ги споделите со нас, ве молам слободно да не контактирате. 

Извор:
vice.com