Header Ads

Темјанот како моќен психоактивен антидепресив

Горењето на темјанин е типично за нашата култура и религија. Смолата од дрвото Boswilia, кога гори се верува дека пушта арома која и помага на душата да достигне духовно издигнување, а едно откритие вели дека темјанот исто така е и моќен психоактивен антидепресив.
 За оваа смола се споменува во многу антички записи, вклучувајќи ги Новиот и Стариот Завет, во кои се зборува како темјанот има мистични способности, верување кое се пренесува до ден денес.
Група научници го испитувале психоактивното дејство на темјанот, и утврдиле дека тој влијае на делот од мозокот кој ги управува емоциите. Односно миризбата од темјанот кој гори го актицира протеинот TRPV3. Овој протеин и помага на кожата да ја перцепира топлината. Ефектите на умот се во однос на тоа што темјанот влијае антидепресивно, овозможувајќи му да се релаксира и опушти.
На Блискиот Исток, во античко време темјанот бил комодитет кој доагал од караванските предели. Дури и ден денес се извезува во големи количини. Темјанот се користел и во Античка Грција и Египет за славење на присуството на нивните богови. Оддамна, а и денес оваа смола е центар на религиозните ритуали.
Сега темјанчето не е само симболика, туку навистина се препорачува за луѓе кои патат од депресија и анксиозност, хистерија и напнатост.
Интересно е она што испаѓа дека не за џабе е кажано дека религијата е опиум за народот. Студиите за тоа како работат овие психоактивни лекови помагаат за разбирање на неврологијата. Откривањето на влијанието на темјанот врз одделни делови од мозокот исто така треба да помогне во разбирање на болестите на нервниот систем.


Извор:
thebigriddle.com
sciencedaily.com