Header Ads

Разлики помеѓу конопот и марихуаната

На сите ни е познато дека марихуана и коноп се имиња кои се користат за растението Канабис. Но, прашањето е дали воопшто постои разлика помеѓу овие два поими? Да постојат и следат 5 разлики помеѓу конопот и марихуаната.

1. Генетика
Канабис Сатива - илустрација од 19 век
Канабисот се смета дека е еден од најстарите домашни култури, кој луѓето со илјадници години го користеле за индустриски и медицински цели. Многу различни видови на канабис биле одгледувани за изработка на различна храна, масло и текстил, како што се јажето и ткаенината. Овие растенија биле одгледувани заедно со други растенија со исти карактеристики, доведувајќи до видот на канабис кој ни е познат денес како коноп.
Други растенија биле утврдени како психоактивни и биле одгледувани селектирано за медицински и религиозни цели. Ова довело до уникатна варијанта од канабис која денес ни е позната како марихуана.
Според Dan Sutton од Tantulus Labs (канадска компанија која е специјализирана во технологијата за одгледување канабис ), основната земјоделска разлика меѓу медицински канабис и конопот е во нивните генетски родители и животната средина на одгледување.
Всушност научниците веруваат дека раната поделба на гените на канабисот довела до создавање на два типа канабисово растение. Двата типа (или подвидови) на канабис се познати како Канабис Индика и Канабис Сатива.

2. THC Содржина
Растението канабис содржи уникатни соединенија наречени канабиноиди. Од направените истражувања досега се откриени 60 различни канабиноиди, но ТHC е најпознат.
Додека марихуаната содржи висок степен на THC, конопот содржи многу малку од оваа психоактивна хемикалија. Ова е и најголемата разлика помеѓу конопот и марихуаната. Во Канада имаат поставено максимална застапеност од 0,3% на THC кај конопот. и канабисот со поголем степен на THC се смета како марихуана. За споредба, медицинската марихуаната во просек содржи од 5-20% THC.
Конопот и марихуаната содржат и друг канабиноид наречен CBD. Во конопот се прозиведува повеќе CBD од THC, а кај марихуаната ситуацијата е обратна. Интересно е што истражувањата покажале дека CBD влијае за намалување на психоактивните ефекти од THC-то.

3. Одгледување
Коноп одгледуван во Англија
Конопот и марихуаната се одгледувани за различна намена, па поради тоа и имаат потреба од различни услови на одгледување.
Медицинскиот канабис бил одгледуван селективно низ текот на годините. и неговите карактеристики се оптимизираат во неговата средина на одгледување за производство на женски цветни растенија. Додека пак, конопот е машко растение без цветни пупки во ниту еден период од растењето. Вековите на селективно одгледување резултирало во високи растенија, со доста ниска концентрација на THC и кое доста брзо расне.
За достигнување на максимално количество на THC во марихуаната е доста тешко и бара посебни собни услови на одгледување. Одгледувањето на марихуаната вообичаено бара стабилно светло, температура, влажност, CO2 и доста кислород.
Конопот е многу полесен за одгледување, истиот се одгледува во надворешни услови и не бара многу внимание.

4. Легален статус
Легализацијата на канабисот почна да станува се поактуелна. Во 2011 година Кина била држава со најголемо производство на производи од коноп, а зад неа се нашле Чиле и Европската унија. Производството на коноп е проширено и во Канада со 66 700 хектари во 2013.
Марихуаната од друга страна, останува илегална во повеќето држави. Неколку, како што се Изреал и Канада, неодамна почнаа да ја регулираат марихуаната како медицинска. Како и да е марихуаната е предмет на построги правила од конопот бидејќи сеуште се смета како наркотик.

5. Истражување

Строгите закони поврзани со канабисот го прават секое истражување многу тешко.
Истражувачите вложуваат напори за разбирањето на начинот на функционирање на медицинската марихуана. Развивањето на технологијата за коноп продолжува да открива начини за тоа како оваа билка може да придонесе за општеството во иднина.
Влакното од коноп се почесто се користи за развивање на нови форми на обновлива пластика, која се почесто се применува во автомобилската индустрија.
Како што легализацијата се проширува во светот така расне и можноста за испитување на потенцијалот на канабисот. Можностите се бесконечни, а тоа е едно од нештата што марихуаната и конопот го имаат заедничко.

Извор:
leafscience.com