Header Ads

Пронаоѓање на мотивот за секојдневието да се живее како што сакаме

Сигурно сите во животот сте се соочиле со моменти кога едноставно не можете да го пронајдете сопствениот мотив и да ги извршувате секојдневните работи онака како што вие сакате. Да тргнеме од наједноставните нешта, било да е тоа станување рано наутро, откажување на цигарите, хранењето здраво, воведување на физички активности и секакви други промени,ние секогаш знаеме што е најдоброто за нас, но многу ретко дејствуваме во согласност со тоа.
Time.com укажува на тоа дека ние пропуштаме многу битен момент, а тоа е грешката која секој продуктивн систем ја прави. Која е таа?
Продуктивниот систем многу ретко ги зема предвид чувствата, а тие се основната и неизбежна причина зошто луѓето го прават она што го прават.
Ние не можеме да ги игнорираме нашите чувства. Поради структурата на нашиот мозок, кога мислите и чувствата се натпреваруваат, чувствата скоро секогаш победуваат. Не можеме да се бориме со нив, истражувањата покажале дека тоа ги прави само посилни.

Извадок од Happiness for people who can't stand positive thinking:

"Кога на испитуваните субјекти ќе им се кажеше за несреќен настан, со инструкција да не се чувствуваат тажно за тоа, тие завршуваат чувствувајќи се дури полошо од луѓето кои беа информирани за истиот настан, без да им беа дадени инструкции како да се чувствуваат"

Во друга студија пак пациентите кои пателе од напади на паника, слушале релаксирачки траки, и нивните срца чукале побрзо отколку кај пациентите кои слушале аудио книги со никаква посебна релаксирачка содржина. Истражувањата исто така покажале дека луѓето кои изгубиле некого, и прават најмногу обиди да го избегнат чувството на тага, имаат потреба од најмногу време да се опорават од нивната загуба. Истото се случува на полето на секусалноста. На оние на кои им кажале да не мислат на секс покажале поголема возбуда.
И повторно прашањето е која е неизбежната моќ на чувствата врз мотивацијата?



Во книгата Switch, Chip and Dan Heath се вели дека чувствата и емоциите се суштински дел за извршување на било кој план.

"Фокусирајте се на емоциите. Знаењето на нешто не е доволно за да предизвика промени. Направете луѓето или вие самите да почувствувате нешто"

Ние треба да мислиме за да планираме, но треба и да чувствуваме за да дејствуваме.
Па така доколку мислењето ни оди добро, како да се справиме со чувствата за да нештата бидат направени?

1. Бидете позитивни
Кога најмногу ги одлагаме нештата? Секако кога сме во лошо расположение. Одлагањето претставува техника на расположението, и најсклони сме кон него. Истото најмногу се појавува кај луѓето со лошо расположение. Во меѓувреме истражувањата покажале дека среќата ја зголемува продуктивноста. Станува збор за оптимизам. Па како да станеме оптимисти кога не се чувствуваме така?
Следете го напредокот што го правите и прославувајте го истиот. Истражувањето на Teresa Amabile да Харвард открило дека ништо не  е помотивирачки од напредокот. Од сите позитивни настани кои влијаат врз нашиот внатрешен живот, најмоќен е напредокот и прогресот во значајните за нас работи, а од сите негативни настани најмоќно е заостанувањето во тие работи.

2. Наградете се
Наградите прават да се чувствуваме добро, негативните критики прават да се чувствуваме лошо. Истражувањата покажале дека наградите и пофалбите се одговорни за 3/4 од работите што ги правиме. Личниот интерес, наградите и верувањето се најзначајните фактори за посветување кон нештата кои ги сакаме.
Затоа секогаш почастете се кога ќе завршите некоја од работите на вашата to-do листа. Ваквото нешто функционира при тренирање на куче, зашто не би функционирало и кај нас? :)

3. Опкружете се со луѓе со слични интереси
Истражувањата покажале дека влијанието од луѓето со исти или слични интереси, помагаат во остварувањето на нашите цели. Опкружете се со оние со кои навистина сакате да бидете и кои ве мотивираат.

"Кога луѓето ќе се вклопат во група каде што промената изгледа возможна, и потенцијалот за промената станува пореален"

Во Longevity Project биле испитувани повеќе од 100 луѓе, од млади до стари и го кажале ова:
"Групите со кои се поврзуваш често го детерминираат типот на личност која ќе постанеш. За луѓе кои сакаат подобро здравје, поврзувањето со други здрави луѓе вообичаено е најсилната и најдиректната патека до промената"

Ова е нешто што секој може да го направи и чекор пред сите ќе сте доколку верувате дека можете.Размислувајте за самите себе си како мотивирана и продуктивна личност. Како се гледате себе си влијае премногу врз внатрешниот личен успех. За повеќето луѓе првиот чекор кон подобрување на изведбата на работите нема никаква врска со самата работа, туку зависи од тоа како се чувствувате во врска со самите себе си, па од тоа би и зависело оценувањето на извршувањето на работите.

Извор:
time.com