Header Ads

(КНИГА) „Продавачот на ветар и магла" со промоција во МКЦ

„Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, авторот од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот"

-Рајна Кошка



На 25. февруари во 21 часот во бифето на МКЦ ќе биде промовирана збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни" од Стефан Марковски.

Марковски е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда" на Издавачката куќа „Феникс" и Фондацијата „Македонија Презент" за истоимениот наслов, во 2015та година.

Марковски е член е на Друштвото на писатели на Македонија и постдипломец на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.