Header Ads

5 предупредувачки сигнали кои Универзумот Ви ги испраќа кога сте на погрешната патека

Колкумина од вас го слушаат `внатрешното јас` кога се наоѓаат пред големи животни промени?
Колкумина знаат да ги детектираат патоказите од Универзумот во секојдневните животни ситуации?
Во прилог следуваат петте најчести предупредувачки сигнали кои ги добиваме од Универзумот кога сме на погрешната патека:

1. Добивате негативни критики од блиски луѓе

 Се разбира, некои луѓе се постојано критички настроени, некои дури критикуваат чисто од забава и би требало да се програмираме таквите коментари да ги игнорираме. Но што е кога нам блиските луѓе кои ги сакаме и на кои им значиме ќе ги упатат своите загрижувачки погледи кон нас. Најчесто тоа е еден од големите показатели дека сме на погрешната патека!

2. Лошо (пред)чувство

 Мислам дека ова чувство е помалку или повеќе познато на сите.  Тоа е она необјасниво чудно чувство дека работите не се како што треба. Кога `нештото од внатре` ти дава импулси дека нешто не е како што треба, големи се шансите да си на погрешната патека!

 3. Ви се јавува чувство на лутина и бес, повеќе од вообичаено

Кога не си на вистинската патека, сите работи ти се едноставо потешки за остварување. Како резултат на тоа, може да се најдеш себеси во ситуација да те преплавуваат напади на лутина и бес многу почесто од вообичаеното. Нормално, нападите на бес може да се смират со техники на длабоко дишење, но од каде тие доаѓаат и зошто се јавуваат на самиот почеток од работата која почна? Можеби бидејќи не си на вистинската патека!

4.Главоболки и болести

Кога не си на вистинската патека Универзумот ти испраќа сигнали и преку твоето физичко тело. Тие би можеле да се рефлектираат како главоболки или ослабен имунитет. Кога си на погрешната патека страда и твоето тело.

5. Губење и кршење на важни работи

Последниот знак од Универзумот е губењето или кршењето на работи кои тебе ти се драги, скапоцени или од сентиментална вредност. Ова е
непобитен знак дека е време да ја промениш патеката по која чекориш!



via.higherperspective.com