Header Ads

Патување со најлуксузниот авион во светот

Авионската компанија Etihad Airways од Abu Dhabi отиде малку подалеку од компаниите во истиот индустриски сектор. Компанијата создаде авион кој буквално може да се опише како авион со приватни луксузни апартмани. 
Нешто повеќе од една година компанијата го промени изгледот на своите авиони. Првиот авион кој доби од новиот шмек беше А380, каде наместо знамето и грбот на Обединетите Арапски Емирати, на опашката од авионот се појавува декоративен триаголник.
Авионот има два спрата и четири класи на седишта: економска класа, бизнис класа, прва класа и резидент класа. Луксузните места се сместени на горниот спрат од авионот.



Апартманите за двајца се сместени на десно од скалите. Со површина од 12 метри квадратни, имаат три соби, вклучувајќи дневен престој, спална и тоалет со туш кабина. Патниците во овие апартмани се услужувани од стјуардеси обучувани во хотелот London's Savoy. 
Патување со ваков авион на дестинација Абу Даби-Лондон чини околу 77 000 UAE дирхами, односно околу $ 21 000. Билети треба да се букираат една година однапред.

Апартманите пак за патниците од прва класа се малку поедноставни. Зафаќаат простор околу 5 метри квадратни. Билет од Абу Даби до Лондон чини околу $ 8 400- $ 9 800.

Тоалет во прва класа.
Бизнис класа.

Кај опашката на авионот, на вториот спрат се наоѓа бар со комфортни сепариња за патниците од бизнис класата.
Економска класа која се наоѓа на првиот спрат.

Прибор за јадење за најмладите патници.
Пилотската кабина
Доколку некогаш си овозможите лет со ваков авион, нека Ви е пријатен!

  1. Извор:
  2. brightside.me