Header Ads

Пабло Неруда - Не заборавај да бидеш среќен! [Поема]


















 Пабло Неруда: Не заборавај да бидеш среќен


Лесно умира оној кој не патува,
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика,
оној кој не наоѓа задоволство во себе.

Лесно умира оној кој ја уништува
сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош.

Лесно умира оној кој е претворен
во роб на навики
поставувајќи си секој ден
исти ограничувања,
оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се дрзнува да се облече 
во нова боја 
и не зборува со непознати.


Лесно умира
оној кој бега од страста
и нејзините врели емоции
оние кои даваат сјај во очите
или во напуштените срца.



Лесно умира
оној кој не го менува животот кога е незадоволен
од својата работа или својата љубов,
оној кој не сака да се откаже од својата сигурност
заради несигурност,
и кој не ги следи своите соништа;
оној кој нема да си дозволи
ниту еднаш во животот
да избега од смислените совети...




Живej денес, направи денес, ризикувај денес!
Не дозволувај си лесна смрт!
Не заборавај да бидеш среќен!