Header Ads

Најопасните и најзначајните саати за нашето тело


Нашето тело е доста прецизен организам во кој секој дел извршува определена функција во одреден временски период.
Овде е објаснето како да го искористите максимумот од своето тело, да разберете што му треба и како да го одржувате здраво.

24 часот
Конечно изолирани од дневниот ритам, остануваме сами со себе дури и ако нашиот партнер спие веднаш покрај нас. На овој начин се приближуваме до состојбата пред нашето раѓање, сами сме, на топло и најчесто стуткани. Чудно е тоа што нашата кожа ноќе се обновува многу побргу отколку дење, а причина е побрзата клеточна поделба.

1 часот
Еден до два часа по заспивањето сонот е најдлабок. Ноќно време сонуваме скоро на секои 90 минути, а сонот може да потрае и до 1 час (за ова и не сум многу сигурна зашто сум слушала дека сонот трае и по 2 секунди, а нам ни изгледа вечност), и длабочината со приближувањето на утрото се намалува.
На оние пак кои се будни во овој период од ноќта активноста на телото им се смалува на најниско ниво. Посебно некаде околу 3 часот. Тогаш се случуваат и најголемите несреќи и катастрофи предизвикани од човековата невнимателност.

2 часот
Оној што оди во кревет во овој период осеќа студ во нозете и крвотокот се успорува, а кожата станува речиси неосетлива на убод од игла.

3 часот
Оние кои се будни во овој период од ноќта активноста на телото им се смалува на најниско ниво. Тогаш се случуваат и најголемите несреќи и катастрофи предизвикани од човековата невнимателност. Ова е последица од хормонот мелатонин кој не прави поспани и мрзеливи.
Во текот на деното лачењето на овој хормон е намалено поради дневната светлина, па сме расположени и активни. Црниот дроб почнува да работи подобро, а телото подобро го поднесува недостатокот на кислород.

4 часот
Телото добива порција од стрес-хормонот наречен кортизол, кој на телото делува како електрична батерија која во текот на ноќта се наполнила и сега сме спремни за дневните напори.
Многумина во тоа време тешко го поднесуваат делувањето на тој хормно и за нив ова претставува критично време.

5 часот
Не се знае зошто, но во овој период машкото тело лачи најмногу тестостерон.Концентрацијата пак на кортизол е шест пати поголема од дневниот просек.

6 часот
Во овие часови кортизолот делува како будилник. Метаболизмот почнува да се активира, во крвта влегуваат зголемени количина на гликоза и амино киселини. Енергијата и белковините пак го спремаат телото за напорниот ден.

7 часот
Доаѓа до зголемување на температурата и притисокот на телото и човекот се активира. Време е за доручек.

8 часот
Жлездите лечат најмногу хормони

9 часот
Мозокот е најбистар, доколку имате настап или испит ова е времето за преиспитување на самите себе си. Доколку треба да примите инекција направете го тоа до 9 часот, нема да ви се појават ниту температура ниту вртоглавица.

10 часот
Телесната температура го постигнува максимумот, а со тоа и способноста за извршување на работите. Но, во ова време срцето е премногу осетливо на стрес, и работи многу побргу отколку ноќе.

11 часот
Време на концентрација. Конечно организмот е целосно разбуден.

12 часот
По фазата на максимална активност, следуваат часови за мало мирување. Кој не се придржува кон ова може да се соочи со грешки при работата. Односно организмот уште еднаш се соочува со кризен момент.Преминот од една во друга фаза од денот е проследен со зголемена количина на желудна кислениа.

13 часот
Во овој час способноста за извршување на работите опаѓа за 20%.

14 часот
Крвниот притисок и присуството на хормоните сеуште опаѓа. Во овој период локалните анестезии кај болните луѓе делуваат најдобро.
Посетата на забар во овој период е помалку болна него вообичаено, односно забите се најмалку осетливи на болка. Инекциите против болка во овој период делуваат 30 минути, навечер само 19, а попладне само 12 минути.

15 часот
Добро време за учење и физички активности.

16 часот
Крвта и крвотокот добиваат нов полет. Најдобро време за спортистите. работниците и творците бележат зголемена продуктивност. Во ова време најдобро делуваат лековите за намалување на киселината во телото.

17 часот
Помеѓу 17 и 18 часот телото е на врвот на активностите, но сепак пониско од она во предпладневните часови. Работата на срцето е зголемена, а и употребата на кислород е зголемена. Во овој период ноктите и влакната раснат најбрзо.

18 часот
Организмот се припрема за вечерен одмор. Сега човек ја сака топлината на својот дом, склон е кон читање, разговори, размислување и одмарање. Панкреасот е особено активен. Во овој час може да се спремите за вечера.

19 часот
Пулсот и крвниот притисок паѓаат доста ниско, па затоа лекарите не препорачуваат земање на апчиња за намалување на притисокот во ова време. Препаратите кои делуваат на централниот нервен систем имаат поголем ефект.

20 часот
Во телото се случуваат битни промени, се намалува содржината на масти во црниот дроб, а искористената крв се враќа во срцето. Во овој час лековите против астма и алергии делуваат најдобро.

21 часот
За органите за варење започнуива време за одмарање. Желудникот и цревата добиваат храна, но не ја варат. Необработена се скиселува, чекајки го утрото. На овој начин храната може да ја оштети слузницата на цревата.

22 часот
Способноста на телото значително ослабува. Оние што стануваат рано сега веќе треба да одат на спиење.Во крвта во ова време се наоѓаат голем број на леукоцити. Пушачите не би требале да пушат, бидејќи во овој период разградувањето на токсините е многу отежнато

23 часот
Размената на крв паѓа на минимум. Слично е и со откуцувањето на срцето, крвниот тек и телесната температура. Оваа фаза научниците ја нарекуваат време на парасимпатичен нервен систем.
Смирените нерви ја превземаат контролата врз организмот и е време за постела.

Најважни саати
-помнењето е најдобро помеѓу 9 и 11, односно 13 и 16 часот
-концентрацијата е најголема помеѓу 8 и 9 часот
-звуците и мирисите најмногу се осеќаат околу 18 часот
-замор најмногу се чувствува околу 14 часот
менталните способности се на најниско ниво помеѓу 2 и 4 часот

Најопасни саати
-температурата е највисока од 13 до 15 часот и од 19 до 21 часот
-адреналинот го има најмногу во крвта помеќу 12 и 14 часот
-инсулинот го има најмногу во урината од 10 до 12 часот
-највисок крвен притисок има помеѓу 16 и 18 часот
-труењето е најмногу можно помеѓу 20 и 22 часот
-мозочниот удар најчесто може да се појави помеѓу 16 и 18 часот
-смртноста од срцеви болести најчеста е помеќу 24  и 2 часот
-смртноста од инфективни болести најчеста е помеѓу 1 и 9 часот
-пулсот е најјак околу 16 часот

Извор:
atma.hr