Header Ads

Музеј на LSD сликовници


Dancing Test Tubes - Сликовницата содржи 100 трипа, изработени во 1988 година 

Во Сан Франциско постои еден човек кој поседува повеќе од 33 000 сликовници LSD во неговиот дом. Не се знае многу околу тоа зашто тој не е уапсен, единствен запис постои кога пред 13 години кога неуспешно се обиделе да го фатат. Сликовниците со LSD човеков не ги собира за да ги продава, туку според него тие претставуваат вид на уметност. Па поради тоа тој го креира првиот музеј на LSD сликовници.
Името на овој човек е Marc McCloud, и тој сопствената куќа си ја нарекува Институт на Илегални слики. Доколку ја посетите неговата веб страна Blotter Barn ќе видите најразлични сликовници кои човекот ги собира уште од 1970 година. Најразлични фигури се појавуваат на секоја сликовница, и истите фигури или дел од нив се претставени на секој трип од сликовницата, за да се знае за каков трип станува збор. 
Bosch - Сликовница со 1000 трипа изработена во 2008 година
Dr. D 


И покрај тоа што ова е уметност која брзо исчезнува, артистите ги изработуваат овие сликовници со големо внимание и посветеност. Сепак ова претставува и превозно средство до психоделичните патувања. McCloud почнал да ги собира како идеа дека сака да пренесе на своите деца да знаат што им се случувало на претходните генерации.

Eye of Hours - Сликовница со 9 трипа, изработена во 1982 година
Sirfing Shiva
Orange Sunshine Sheet - Сликовницата содржи 100 трипа изработена во 1992 година.
Едно интересно нешто што му се случило на овој човек е кога бил близу смртна несреќа. На 9 декември 1971 година тој паднал од прозор. Во тој момент тој трипал и смета дека тоа му го спасило животот. Според него тој во тој момент доживеал преродба и сето тоа се случило кога трипал од Orange Sunshine.

Повеќето сликовници се изработени на начин на кој производителите, дилерите и конзуматорите да можат да го идентификуваат потеклото на киселината. Ова било посебно од помош во времето кога луѓето праќале сликовници со LSD насекаде околу светот. Секој дизајн укажува на нешто, дали од кого е изработен, дали каков трип да се очекува и сл. 
Cartoons

За да ја видите целата колекција од сликовници со LSD посетете ја официјалната страна на музејот Blotterbarn.com.


Извор:
wired.com
blotterbarn.com