Header Ads

Малезиско племе кое живее изолирано од цивилизацијата

Веќе многу години францускиот фотограф Rehahn патува низ светот и ги следи "заборавените" луѓе кои покрај прифаќањето на модерната технологија и плаќањето данок, останале да си го живеат нивниот традиционален живот, следејќи ги античките традиции. Во Малезија овој човек успеал да го пронајде племето Bajau, т.н морски цигани кои живеат на островот Tabbalanos и ги минуваат деновите на нивните мали чамчиња преживувајќи од риболов.

Членовите на племето му дозволиле на Rehahn да остане со нив неколку дена. Кога пристигнал тој бил опкружен со прекрасни деца и насмевки на нивните лица. Овие луѓе имаат голема поврзаност со океанот развивајќи го риболовот и ловот. Според него овие луѓе се неписмени, родени и живеат живот на островот во нивни скромни бунгалови.
На островот има вкупно 11 бунгалови сместени помеѓу копното и морето. Секоја фамилија има околу 5 деца, а жените се пораѓаат сами во нивните бунгалови.











Извор:
rehahnphotographer.com
http://nomadesdigitais.com/