Header Ads

Креаторите на САУТПАРК на ОСКАРИТЕ под влијание на LSD облечени како жени, само за да ја докажат поентата


Креаторите на САУТПАРК Треј Паркер и Мет Стоун се комични генијалци и широко инвентивни креативни умови. Тие се токму ваков тип на човек и во приватниот живот.

Познати по контраверзните поттуркања на границите позади малите екрани, Паркер и Стоун ги издигнуваат овие поттуркања на сосема нов левел по номинацијата за најдобра песна (за песната Blame Canada, музичка секвенца од филмот South Park: Bigger, Longer and Uncut )

Бидејќи во тоа време бил без девојка, Паркер го земал Стоун со него, како неговиот плус еден.

Најпрвин Стоун помислил дека би било забавно да се облече како жена и да се провлече како парнерка на Паркер. Но подоцна, тие добиле подобра идеја:
двајцата да се облечат како жени, и да земат есид (LSD) пред да отидат на црвениот тепих.
Направиле реплики од предходно носени фустани од Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу.
Стоун вели дека никогаш нема да го заборави мигот кога излегол од лимузината.






извор: Youtube&ThePlaidZebra