Header Ads

Лапиз Лазули, Тиркиз и Карнол кристали користени уште во стар Египет


Египјаните, како и повеќето антички цивилизации, ја користеле моќта на минералите за поврзување со космичката мудрост, еликсири и и физичките исцелувања, за зголемување на визиите, за создавање заштитни амајлии и за богатство на владетелите и високите луѓе во општеството.
Во принцип Лапис Лазули (Lapis Lazuli), Тиркиз (Torquoise) и Карнол (Carnelian) се три камења употребувани од страна на египјаните за лекување и интуитивна моќ и како додаток во нивниот накит. А еве зошто:

Лапис Лазули е прекрасен кралски плав камен со мермерен пирит (вид минерал). Се вели дека овој камен бил користен за да се поврзе со внатрешноста на круната на фараонот и преку него да се поврзе умот со мудроста и да му овзможи на владетелот да донесува правилни одлуки во водењето на луѓето. Лапис Лазули е камен на Исис (Isis), божица на мудроста и маѓијата.
Овој камен исто така помага во отварањето на грлената чакра, особено кога е поврзан со злато и се носи околу вратот. Со едноставно пак држење на каменот на челото тој помага за отварањето на третото око.
Употребата на овој кралски камен за остварување на соиштата во реалност се смета дека е многу моќна. Лапис Ласули се препорачува за писатели и говорители.

Тиркизот исто така спаѓа во кралското семејство. Се користел насекаде од страна на древните култури, а неговата моќ е практикувана и до ден денес. За египјаните овој камен бил поврзан со божицата Хатор (Hathor), суштество кое владее со мајчинството, плодноста и музиката. Тиркизот  откриен во Екипет уште пред 7 000 години.
Овој камен исто така помага во аспектите поврзани со говорот и мудроста, помагајќи му на човекот да го употребува говорот во баланс со мудроста и емпатијата. Истиот може да биде носен околу вратот за активирање на петата грлена чакра, подобрување на креативноста, говорот и комуникацијата, и да ја зголеми моќта на говорните медитации, афирмациите и мантрите.Тиркизот дарува мир и рамнотежа на оние кои го носат.

Карнолот е камен кој е поврзан со физичкото ткиво и чакрите во телото како што се Корен, Сакрална и Соларн Плексус. и е прекрасен камен за зацврснување, прочистување и оржување на крвта. Исто така му помага на телото да апсорбира повеќе хранливи материи преку крвта.
За овој камен исто така се смета дека бил пронајден од египјаните и во ниво време карнолот бил поврзуван со моќта и заштитата, вклучувајќи го и десното око на Хорус (Horus), сонцето што заоѓа и богот Ра (Ra), и Исис, кои го носеле овој камен за да го надминат невозможното.
За време на медитација каменот може да се стави на корен или сакралната чакра, за телото да се излечи побрзо, да се отстрани гневот и да се ојача долниот дел од грбот и карлицата.

Извор:
ewao.com