Header Ads

Како новородените бебиња ги гледаат своите родители?

Мораме да признаеме дека кога на новородените бебенца им мафтаме и им збориме, немаме претстава како тие тоа го доживуваат и гледаат.
Во една студија направена од страна на истражувачите од институтот за психологија од универзиттите во Норвешка и Шведска биле испитувани бебенца родени во претходните два до три дена.
Студијата покажала дека максималната далечина за новороденчето да направи разлика дали сме среќни или лути е 30 см. Доколку далчината е на 60 см или повеќе сликата станува матна и бебето не е во можност да пави разлика во емоциите изразени на лицето на своите родители и други луѓе.

Научниците снимиле видео од лица со различен израз на нивните емоции. Видеото потоа било покажувано на бебињата. Нивната реакција на изразот на лицата на луѓето во видеото бил главен индикатор за тоа дали бебињата ја гледаат сликата или не. Доколку сликата била поблиску нивнит реакции биле поинтензивни.
Според професорот Svein Magnussen, новороденчињата се во можност да ги имитираат изразите на лицата на возрасните уште од првиот ден од нивниот живот, но тоа не значи дека тие можат да ги разберат истите.
Па така доколку сакате бебенцето да ве види само приближете му се.

Извор:
brightside.me