Header Ads

Изолирајте се на остров во сред Атлантик

Доколку сте од оној тип на луѓе кои посакуваат да се најдат на остров кој се наоѓа на другиот крај од светот изолирани од гужвите и брзиот живот, би сакала да ви ја презентирам новата можност во животот.

Сликава која ја гледате погоре е од островот Tristan da Cunha, мал и изолиран остров, кој во моментов рекрутира советници за агрокултура. На овој остров, покрај тоа што ќе ги минувате деновите опкружени со природа, личноста која ќе ја прифати работата ќе биде обезбеден со пари за покривање на патните трошоци и за сместување, што значи дека платата е чиста пара.
Островот е на одалеченост 2 400 километри од Јужна Африка и 3 200 километри од Јужна Америка. Широк е само 11 километри и зафаќа површина од 32 метри квадратни. На островот секако дека нема да бидете сами, бидејќи истиот претставува дом на околу 300 луѓе. Населеното место се наоѓа веднаш под вулканот наречен Врвот на кралицата Марија (Queen Marry's Peak).




























Она во што најверојатно би уживале е големата животинска популација, со милиони птици, вклучувајќи и неколку вида на албатрос, и посебна врста на пингивни. Говедата и овците го надминуваат бројот на жителите, со бројка од 300 говеда и 500 овци.

Во однос на аплицирање за работа на овој остров, апликантите мора да ги поседуваат следниве знаења:
- Современи лекови за добиток
- Културата на обработување земја
- Создавање на градина, одгледување и грижа за истата
- Работа во оранжерии
- Одгледување на стока и добиток

Доколку постои некој кој е заинтересиран за ваква понуда, повеќе информации можете да најдете на овој линк.
А еве што би ве чекало таму:



Извор:
dailymail.co.uk
theplaidzebra.com