Header Ads

Гушкање на дрвјата за подобро здравје

Каде ли отиде светов? Уште да поченем да ги гушкаме дрвјата сега.... Епа... ДА! И ништо чудно, напротив убавини. Ама ова најверојатно би го разбрале, како што јас би рекла,само децата на природата. Да поченеме од почеток.
Научно е докажано дека гушкањето дрвја може да влијае врз нашата благосостојба и нашето здравје, и тоа повеќекратно. Односно, доволно е да се биде во близина на дрвјата за да бидеме поттикнати.
Ова е всушност античка практика, која се покажала корисна во проблемите со концентрацијата, депресијата и други ментални болести. Студијата поврзана со гушкањето дрвја може да биде пронајдена во книгата Blinded by Science од Matthew Silverstone, каде е опишано целото негово истражување.
Со истражувањата е утврдено исто така дека децата покажале психолошки и физиолошки здравствени подобрувања при интеракцијата со дрвјата и природата. Поточно, децата подобро функционирале емоционално и биле покреативни во зелено опкружување. И секако дека ова држи вода, зарем ние не сме дел од оваа планета. И ние не живееме на планетата Земја, туку во неа. Нашето тело е создадено од 70% вода, го дишеме воздухот кој се наоѓа во планетата Земја, и се што ни е потребно може да биде најдено од истата.

Без сомнение, повеќето од нас се соочуваат со чувство на ослободување и исполнетост кога се надвор на отворен зелен простор, а во Blinded by Science ова се опишува како вибрирање. Факт е дека се околу нас вибрира, и ние вибрираме на одредена фрекфенција. При допирање на дрво истото вибрира со вибрации различни од нашите и ги апсорбира нашите негативни енергии.
Во животов се е пракса. Со гушкање дрво сме во можност да ја следиме една од најстарите традиции во светов.
Некои шуми, како што се националниот парк Koli во Финска се смета како поспиритуално место од црква. Во Јапонија пак, луѓето практикуваат шумско капење, каде што тие поминуваат одредено време во антички шуми за апсорбирање на мудрост и за стимулирање на нивниот имун систем. Една заедница пак во Италија, наречена Damanhur, имаат лабораторија во шума која нуди прекрасен хор од дрвја кои пеат. Многу домородци живеат помеѓу растенијата и дрвјата, знаејќи кое растение е безбедно за јадење и кое може да излечи одредена болест.

Па така луѓе,ваше е како ќе ги прифатите работите, и дали ќе прифатите дека гушкањето дрво влијае добро, или едноставно дали ќе прифатите дека ние сме дел од природата, и најверојатно таму и припаѓаме!!!

Извор:
theplaidzebra.com
youtube.com