Header Ads

Ефектите од порното

Не на секого му се допаѓа идејата дека порното може да биде психички штетно. Откриена е поврзаност помеѓу гледањето порно и намалување на сивата материја (ткиво кое содржи нервни клетки и нервни влакна) во одредени делови од мозокот.
Несомнено порното го претставува сексот целосно како физички акт, со цел да се достигне само оргазам, наместо поврзаноста и размената на енергија која може да се случи доколку и двата партнери се емоционално и спиритуално присутни.
Она што го гледаме го повторуваме и го посакуваме. И како што се друго е со погрешна перспектива, така и сексот. Не дека е многу лошо, нема ништо погрешно во посакување на физичките и естетските аспекти на сексот, или барање на задоволството, но важно е да се земе предвид дека порногравските сајтови се рангирани меѓу најпосетуваните во светот.
Порнографијата влијае врз мозокот. Оргазмот е еден од најголемите потикнувачи и доколку истиот се поврзе со жената, бакнежите, миризбата и слично, со текот на времето тоа се работите кои почнуваат да го палат човекот. Доколку пак вниманието е свртено кон сајбер сексот, со жените како сајбер робови, со текот на времето тоа и почнува да ги пали луѓето.
Сексот денес е насекаде, особено во медиумите. Без разлика дали станува збор за полуголи фотографии, со голема сексуалност или целосно провокативни настани, сите ние сме бомбардирани со одреден тип на сексуалност, што многу погрешно го претставува овој акт.
Од друга страна постои еднен систем на античко верување за сексот наречен тантра. Тантрата вклучува медитација и ритуална практика. Тантрата се справува со препознавање на енергијата и употреба на сексот за нешто повеќе отколку само сетилно задоволство, што е всушност многу спротивно од порното. Тантрата се поврзува со интимноста, поврзаноста меѓу партнерите и признанието дека сме многу повеќе од физичките тела. Поврзаноста за време на сексот е се, а истиот е наменет да биде мултидимензионално искуство.
Некои луѓе се навистина против порното бидејќи истото претставува деградација и понижување на жената. Во тој акт тие се доживувани како вулгарен секс објект, а човековите суштества не се тоа.
Проследете го говорот на TED, говори експерт во областа на сексот и интимноста, половите и порнографијата.

Извор:
collective-evolution.com
youtube.com