Header Ads

Научно докажано - Човековата свест преживува и после биолошката смрт


Постојат многу луѓе на овој свет кои веруваат дека по смртта на нашето тело, нашата свест продолжува да живее. Некои веруваат дека се е свест, и дека секој жив организам има свест. Во различни култури, сето ова различно се манифестира, и на различни места верувањето за истата работа е различно.
Од неодамна пак, научниците, со сите свои истражувања дошле до интересни резултати, односно дека чловековата свест секако дека преживува и после биолошката смрт.
Група истражувачи од универзитетот Southampton во Обединетото Кралство, воделе едно големо истражување за тоа што се случува со човековата свест по смртта. Тимот дошол до сознание дека, додека сеуште не е познато зошто и како, постои некоја свест и свесност за одредено време откако физичката смрт настапува. Значи да напоменам, зборуваме за научно докажани работи.
Ова истражување било водено од др. Sam Parnia, а студијата била објавена во медицинскиот дневни Resuscitation. Во студијата биле вклучени 2000 луѓе кои имале доживеано срцев удар.
Резултатите покажале дека 40% од луѓето кои го преживеале срцевиот удар биле свесни за време на клиничката смрт, и пред нивното срце да почне да отчукува повторно.
Др. Parnia изјавил дека во првите неколку минути по смртта свеста не е изгубена, што се случува после тоа сеуште не е во можност да зборува. Знаеме дека мозокот не може да функционира кога срцето ќе престане да чука, но во случајот со свеста не е така, свеста продолжува да постои и во наредните 3 минути, додека мозокот, по престанувањето на работата на срцето, се исклучува во наредните 20 до 30 секунди.
Ова е интересно бидејќи многу често искуствата поврзани со смртта се претставубаат како халуцинации или илузии, кои се појавуваат пред престанокот на срцето, или откако тоа ќе биде повторно рестартирано.
Од учесниците во експериментот вкупно 330 преживеале, а од таа бројка вкупно 140 кажале дека делумно биле свесни за време на нивното повторно стартување. Но, од нив ниту еден нема конкрента меморија од тој настан, повеќето луѓе најверојатно имале некоија ментална активност, но ја изгубиле меморијата или поради повреди на мозокот или седативите кои ги пиеле.
Еден од пет души кажале дека почувствувале невообичаено чувство на смиреност, додека за една третина, времето или забрзало или се успорило. Некои искусиле бела светлост, кај други имало чувство на страв, влечење во длабока вода, давење и сл. 13% одговориле дека почувствувале одделеност од нивното тело, а иста бројка на луѓе одговорила дека нивните сетила биле со многу поголем интезитет.
Според Parnia, смртта не е специфичен момент, туку потенцијален реверзибилен процес кој се случува после тешки болести или други несреќи предизвикани од срцето, дробовите и мозокот.

Извор:
thebigriddle.com