Header Ads

Умствени трикови


Денес издвојуваме неколку трикови за Вашите бистри умови.

1. Пробајте го овој трик: Прашајте ги луѓето овие прашања: Колку е 1+1? Колку е 2+2? Колку е 4+4? Колку е 8+8? Потоа прашајте ги да Ви именуваат еден зеленчук. Скоро секогаш одговорот е морков.

2. Кога се расправате со некого, глумете дека сте посмирени од него. Ова ќе ги натера да кажат нешто ирационално што би можеле да го употребите против нив.

3. Климањето со главата додека поставувате прашање ја тера другата личност повеќе да се согласи со вас.

4. Кога се поздравувате во high-five стилот, гледајте во лактот на личноста од спротива, така нема никогаш да промашите.

5. Доколку некоја песна ви се вртка во мислите и не можете да ја отргнете, помислете на крајот на песната, така би требало да се отргне од вашите мисли. Ова се должи на нешто што е наречено Zeigarnik ефект, однодно кога Вашиот ум има проблеми со недовршените работи.

6. Употребете ја тишината во Ваша предност кога преговарате. Луѓето по природа не се чувствуваат удобно во тишина, и многу често прават се за да ја разбијат. Само бидете трпеливи.

7. Доколку сакате некој да поверува во Вашата лага, додадете срамежлив детал за самите Вас.

8.Побарајте од некого да гледа во Вашите очи и кажете му дека нема да можат да престанат да гледаат. Прашајте ги што имале за ручек пред три дена, најверојатно нема да знаат да Ви кажат. Многу е тешко да се сетите на нешто без да ги мрдате своите очи.

9. Шепотењето некому гарантира дека тие би Ви возвратиле со шепотење.

10. Кога пробувате да пронајдете нешто, гледајте од десно кон лево, наместо од лево кон десно.

11. Доколку сакате некој да верува во тотално лажна приказна , повторете ја приказната три пати, додавајќи детали секој пат.

12. Доколку играте некоја игра и сакате да го збуните противникот, прашајте го како всушност играат толку добро. Ќе почнат да го мислат начинот на нивната игра.

Повеќе трикови во овој стил можете да најдете на следниов линк.


Извор:
buzzfeed.com