Header Ads

Која е пијачката на боговите?


Дали знаевте дека мате (Yerba Mate) е пијачка која ја нуди силата на кафето, здравствените бенефити на чајот и еуфоријата од чоколадата. Овој напиток потекнува од Јужна Америка и е направен од суви лисја од зимзеленa билка (Ilex paraguariensis) која расне само таму.
Најголеми конзуматори на мате се Аргентина, Бразил, Парагвај и посебно Уругвај, каде се конзумира во 92% од домакинствата. Во Уругвај е сосема нормално на улица да налететате на човек кој пие мате и со него си носи термос со топла вода. Културното значење на мате во овие земји не може да се процени. 
Оваа пијачка во овие земји е позната како пијачка на боговите или зеленото злато на Индиос.
Исто како и кафето, така и кај матето најочигледни ефекти се зголемената физичка енергија, ментална бистрина и фокус. Во околу 85 мг мате се содржи нешто помалку кофеин од кафето. Од друга страна пак не создава проблеми со спиењето и не создава киселини. 
Покрај кофеинот матето содржи и други две сродни соединенија, теобромин и теофилин.Овие три алкалоиди заедно создаваат уникатен благ стимулирачки ефект. 
Оваа пијачка е всушност толку богата што се вели дека дури може да се живее само на неа. Содржи витамини, минерали, фитонутритиенти, како што се танини, флавоноиди, полифеноли и амино киселини. Владите во некои од земјите во Јужна Америка дури ги поттикнуваат мајките да го даваат матето на нивните деца.
Се препорачува при патување, бидејќи претставува одличен дигестивен тоник кој делува како природен антибиотик против ешерихија коли (Echerihia Coli) , односно една од најчестите причини за труење со храна. Добро е при проблеми со запек, дијареа и варење, и ги уништува цревните паразити. Преполно е со соединение наречено сапонини кое го зајакнуваат имунолошкиот систем и има природно анти-воспалително својство. Го штити срцето и кардиоваскуларниот систем. Ја зајакнува јачината на коските, посебно кај жените после менопауза.


Како правилно се пие мате

Подготовката на мате може да се смета како уметност во споредба со јапонската чајна церемонија. Наместо да се служи во обична чаша, тоа се пие во чаша направена од тиква и се пие со цевка наречена бомбила (bombilla). Бомбилата обично е направена од метал или бамбусово дрво и вклучува филтер кој делува како цедилка.


Чашата за мате се полни со сувите билки


Навалете ја чашата на една страна и оставете простор на другата


Ставете бомила во центарот на чашата


Полека се додава малку ладна вода за да ги омекне билките, и чашата се полни се додека билките не ја апсорбираат водата.

Наполнете ја чашата со жешка вода, но не вода што врие.Како што пиете продолшете да ја дополнувате чашата со топла вода. Првите неколку голтки се обично многу јаки.
Традиционално, tomando mate (земете мате) е симбол на гостопримство. Секој пие од истата чаша користејќи ја истата бомбила, со што се промовира чувство на заедница.

Извор:
http://reset.me/